Средба на Канческа-Милевска со генералниот директор на ЕУ за култура и образование Трушчински
Успешното реализирање на проектите од Програмата на ЕУ „Култура 2007-2013“ во Република Македонија, искористеноста на европските фондови особено во издаваштвото, но и поддршката на фестивали и културната соработка со други земји, била истакната на денешната средба во Брисел меѓу министерката Елизабета Канческа-Милевска и првиот човек на Генералниот директорат за образование и култура Јан Трушчински.
Како што информира Министерството за култура, Канческа-Милевска ја поздравила иницијативата за вклучување на Македонија во новата програма на Европската комисија - „Креативна Европа“, како и финансиската помош што ја дава Европската комисија преку ИПА-фондовите, што овозможува поттик на локалниот развој и услови за реализирање на културните содржини.
- Канческа-Милевска подвлече дека, следејќи го трендот во сите европски држави, еден од главните приоритети на Министерството за култура е развојот на креативните индустрии. За таа цел, Министерството за култура ја усвои и Стратегијата за развој на креативните индустрии. На средбата Трушчински истакна дека Европската комисија изготви документ за развојните правци на културата на локално и на национално ниво, како и повеќе инструменти за поттикнување на развојот на креативните индустрии, соопшти Министерството за култура.
Министерката се заинтересирала Скопје да биде „Европска престолнина на културата“ во некоја наредна година и дека главниот град има инфраструктура и може подготвено една година да ја носи таа престижна титула што ја доделува Европската унија. За престолнини на културата се избираат градови од земји-членки на Унијата, но на секои три години таква можно