Скопје трет светски центар за офтамолошка хирургија

Во Европската очна болница извршена е првата операција на тумор на око без да се извади окото и пациентот да го задржи целосно видот, информира денеска министерот за здравство Никола Тодоров по средбата со раководството на Болницата.

Ваков тип интервенции се изведуваат само во Франкфурт, Германија, во Мајами, САД, а сега и во Скопје.

Директорот на Европската очна болница Фарук Семис рече дека се работи за македонски пациент на возраст од околу 70 години, кој бил во повеќе светски центри каде му било препорачано да му се отстрани окото.

Тој објасни дека во текот на операцијата најпрво било лоцирано местото на туморот, тоа било во пределот на крвните садови. Потоа било ласерирано со игла од двете страни и микро камера 360 степени околу туморот, отстранет бил туморот и повторно местото било целосно ласерирано. За да не дојде до крварење бил аплициран лек, а со тоа и туморот бил отстранет.

- Пациентот окото го има на место, видот го задржа, а со тоа го имаме под контрола случајот, бидејќи ако се отстрани окото не е под котрола дали туморот се развива или не, појасни Семис.

Министерот Тодоров најави дека во тек е постапката за процедура со кератопластика, односно трансплатација на рожница која се врши од кадавер.

За трансплатација на рожницата, докторот Семис рече дека се прави со отстранување на заболениот дел на корнеата, се става нов дел земан од донор и по еден час пациентот може да гледа.

Во Макеоднија годишно имало најмалку 10 пациенти кои имаат потреба за отсранување рак на очите со ваква интервенција.