Зајакнати капацитетите за мониторинг на амбиенталниот воздух
Во рамки на проктот „Зајакнување на капацитетите на локално и централно ниво за управување со животна средина во областа на квалитетот на воздухот“ зајакнати се капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање за одржување, сервисирање и калибрација на инструментите за мониторинг на квалитетот на воздухот и обработка на податоците кои се добиваат од мониторинг станиците.
Во делот на законската регулатива, како што информира на денешниот завршен настан ресорниот министер Абдилаќим Адеми, изготвени се три подзаконски акти и две упатства од оваа област.
- Преку проектот се работеше на зајакнување на капацитетите на локално ниво и како резултат на тоа се подготви предлог Програма и Акционен план за заштита на воздухот при алармантни состојби во Битола. Овие документи ен само што содржат мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, туку претставуваат и добар пример за изработка на програми и планови од останатите општини и градот Скопје, нагласи Адеми.
Шефот на Делегацијата на ЕК во Македонија, Аиво Орав посочи дека чистиот возух е клучен за здравјето на секој поединец, но и за целата животна средина.
- Потребни се заеднички напори на сите нивоа, национално, регионално и локално со цел да се постигне чист воздух за нас и за идните генерации, нагласи Орав забележувајќи дека во последниот Извештај на Европската комисија земјата има напредок во оваа област.
За напредокот на земјавата во делот на климантските промени и заштитата на животната средина говореше и финскиот амбасадор Јуха Отман, кој оцени дека има добар напредок во рефомите во националното законодавство.
- Има добар напредок во развој на систем за следење на квалитетот на воздухот, но тоа не е доволно поради недоволните финансиски ресурси за да функционира овој систем, нагласи Отман.
Во Македонија има инсталирано 17 мерни станици за квалитетот на воздухот, од кои две беа инсталирани во рамки на овој проект во општините Центар и Карпош.
Квалитетот на воздухот во Република Македонија, според Александра Несторовска Крстевска, советник во МЖСПП, во моментот е добар, бидејќи нема надминување на граничните вредности на загадувачките супстанци измерени на мерните станици.
- Од петте мониторинг станици во Скопје може да се забележи дека нема надминување на граничните вредности на загадувачките супстанции, јаглероден моноксид, озонот, суспендираните честички со големина до 10 микрометри, сулфур диоксидот, рече Несторовска Крстевска.
Како најголеми загадувачи ги посочи автомобилите, а загадувањето е најконцентрирано на големите раскрсници, потоа и индустријата и произодството на топлина што ќе почне сега.