Груевски најави нова инвестиција со 500 вработувања

Нова инвестиција која ќе отвори 500 работни места во внатрешноста на државата, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој по ажурирањето на партиското членство во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, рече дека објавата за новата инвестиција треба да ја каже инвеститорот, како што е пракса во бизнисот.

- Се работи за инвестиција која ќе овозможи најмалку 500 директни вработувања, а има можност за уште една таква инвестиција во внатрешноста на Македонија од областа на производството. Се надевам дека наредниот месец инвеститорот ќе ја објави и ќе ги каже деталите, нагласи Груевски.

Претседателот на Владата посочи дека во завршна фаза е носењето одлуки за уште неколку други инвестиции.

- Има уште неколку кои се во завршна фаза за носење одлуки од неколку други производни капацитети на друг тип инвестиции.