Груевски: Жалам за незгодната ситуација со новинарите, се надевам дека Собранието ќе ја надмине оваа состојба
Премиерот Никола Груевски изрази жалење за отстранувањето на новинарите од галеријата на Собранието на Република Македонија од каде ја следеа собраниската седница на која требаше да се дебатира за буџетот и истакна оти тоа не требало да се случи.
- Веројатно во целиот тој хаос се донела таква проценка која според мене не требало да се донесе. Меѓутоа се донела таква проценка и се случило тоа што се случило. Најдобро за тоа да се обратите во Парламентот. Се надевам дека на некој начин ќе се најде разбирање односно ќе има дијалог помеѓу луѓето во Парламентот и новинарите, посочи Груевски.
Претседателот на Владата на Република Македонија денеска ќе присуствува на промоција на 13 нови наслови од различни области, од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.