Положено цвеќе по повод 13 ноември, Денот на ослободувањето на Скопје
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и поголема делегација од Град Скопје на партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски положија цвеќе во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје и во сеќавање на борците кои во 1944 година на градот му ја донесоа слободата.
Цвеќе положија и претставници на Собранието на Република Македонија, претставници од Владата на Република Македонија, претставници од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, делегација од АРМ, од Сојузот на борците, претставници од општините на Град Скопје, од Црвениот Крст на Град Скопје и други организации и граѓани.
Делегацијата на Владата беше составена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за животна средина и просторно планирање Абулаќим Адеми и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.