Бесими-Лазарато: Најавено проширување на соработката со Швајцарија

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија Стефано Лазарато.

На средбата се разговараше за континуираната соработка помеѓу двете држави и за нејзино зајакнување, а посебен фокус е ставен на продолжување на развојот на Македонија.

Соговорниците ја потенцира важноста на политичкиот дијалог помеѓу различни политички страни, како и важноста на добрите меѓуетнички односи, како главен фактор за развој и стабилност на Република Македонија.

Амбасадорот Лазарато на средбата најави натамошно проширување на соработката во Република Македонија во нови сектори, вклучувајќи и нови проекти со цел поддршка на економскиот развој како намалување на невработеноста и зголемување на конкурентноста, поддршка на демократијата со акцент на зајакнување на капацитетите на локалната власт и невладиниот сектор, на здравството и слично.