Во Куклиш пуштена во употреба нова спортска сала, дел од владиниот проект

Нова спортска сала,  која е дел од владиниот проект, денеска беше пуштена во употреба во село Куклиш. Салата свечено ја пушти во употреба вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во придружба на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски.

Обракајќи се пред жителите на Куклиш министерот Ставревски им го честита денешниот христијнски празник Прочка и во свое и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ и на Владата побара прочка за било што, што во текот на мината година им згрешиле на граѓаните на Куклиш.

- Денес сме  повторно  тука, како и многупати до сега, во изминатите шест години заедно со премиерот Груевски. Овој пат за еден убав настан, за реализација на едно ваше барање, за изградба на спорстка сала во вашето село Куклиш. Заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, успеавме и во овие кризни времиња да собереме финасии и да реализираме едно ваше барање и потреба, рече Ставрески додавајќи дека со ова е испонето уште едно ветување и реализирано е уште едно дело.

Тој додаде дека во овој спортски објект ќе се натпреваруваат децата кои од млади ќе се учат да се борат за сопствена победа, но и да се научат да поднесуваат пораз, бидејќи животот не секогаш носи победи и треба да знаат да се исправат и да победат следниот пат.

- Оваа сала, истакна, нема да биде ниту моја, ниту на Никола Груевски. Таа е ваша и ќе биде во ваша корист.

Старвевски, пред жителите на Куклиш ја истакна заложбата на Владата за понатамошен развој за доброто на граѓаните на струмичкиот регион и на цела Македонија.

- Струмица и струмичкиот регион наскоро овде, на просторот помеѓу Свидовица и Банско ќе добијат нова бесцаринска зона во која ќе создадеме услови за отварање нови инвестиции и нови работни места. Ние ќе ја гасифицираме Струмица на вистински начин, онака како што треба, за да се добие поевтина цена на гасот. За да можат бизнисмените и стопанството да работат уште подобро. Ќе изградиме и нови инфраструктурни објекти со кои ќе го подобриме животот на жителите во Струмичко, рече Ставревски.

Честитајќи им ја новата спортска сала на куклишани, директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски истакна дека со изградбата на оваа спортска сала се исполнува проектот „Изградба на 35 спортски сали“.

- Ова е модерна спортска сала во која најмладите ги имаат најсовремените услови за спортување и развој на сите спортови. Овој објект е изграден по најсовремените стандарди и ќе го користат и спортските клубови за свои тренинзи, рекреација, како и за разни спортски  манифестации. Преку инвестирањето во спортот ние инвестираме во образованието и воспитувањето и развивањето на почитувањето меѓу  најмладите, рече Поповски.

Директорот  на Агенцијата за млади и спорт најави изградба на нови повеќенаменски и тениски игралишта во останатите населени места во Струмичко.