Средба на премиерот Груевски со туроператорите и хотелиерите

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со претставници на хотелиерите и туристичките агенции од Република Македонија.

Овој состанок е резултат на заклучоците донесени на Комитетот за туризам, а неговата цел беше да се дискутира, да се слушнат проблемите со кои хотелиерите и туристичките агенции се соочуваат во нивното работење, да се понудат решенија за нивно надминување, како и да се поттикне нивната меѓусебна соработка со заеднички сили да се настапи во странските земји со цел да се привлечат поголем број на странски туристи.

Покрај претседателот на Владата, на состанокот присуствува и министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Абдулаќим Адеми, министерот за економија, г-дин Ваљон Сарачини, заменик министерот за економија, г-ѓа Катерина Костеска и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Јордан Трајков.