Ристовски: Сите потребни документи за пререгистрација корисниците на социјална помош ќе ги добиваат бесплатно
Корисниците на социјална парична помош од денеска нема да мора да плаќаат за да добијат потврда од Агенцијата за катастар дека немаат имот на свое име, документ, кој, покрај другите, е потребен за пререгистрација за остварување на ова право. Документот од Агенцијата ќе го презема Министерството за труд и социјална политика и ќе ги покрие трошоците потребни за негово издавање. Со тоа сите потребни документи корисниците на социјална парична помош ќе ги добиваат бесплатно.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој денеска со директорот на Агенцијата за катастар го потпиша Меморандумот за преземање на документот, истакна дека со ова сите документи кои на корисниците им се бараат за да може да се пререгистрираат и да остварат право на социјална помош ќе ги добиваат бесплатно.
Документот од Агенцијата за катастар, појасни, се бара за утврдување на имотната состојба на корисникот. Тоа досега се правело со потпишана изјава на корисникот дека нема имот на свое име. Но, правејќи случаен избор на корисници и проверка во Агенцијата за катастар било утврдено дека и лица кои имале потпишано таква изјава имале имот на свое име.
- Ова е најголем доказ зошто ние го бараме тој документ од Агенцијата. Ваков податок бараме за да ги расчистиме дилемите кој ќе користи право на социјална помош. Не е во ред да се обвинува Владата дека сакала да ги мачи корисниците на социјална помош или дека вештачки сака некого да избрише. Никој во оваа држава нема право никого да избрише, па ниту ние да избришеме корисник кој реално го користи правото. Но, од друга страна никој никому не му дава право да го злоупотребува правото да црпи буџетски средства, кои реално можат да бидат искористени за покажување на социјалната помош на оние на кои навистина им треба, рече министерот Ристовски.
Тој вели дека досега само неколку стотини корисници ја обновиле документацијата. Ним за издавање на потребниот документ од Агенцијата им било наплатено по 450 денари, средства кои, како што рече, ќе им бидат надоместени со исплатата на социјалната помош.
Согласно Законот за социјална заштита, додаде Ристовски, за обновување на документацијата за остварување право на социјална помош потребни се лист за пријавување, потврда од Фондот за ПИОМ дека лицето не прима пензија по кој било основ, извод од матична книга на родени, фотокопија од лична карта, документ дека не поседува моторно возило, уверение за остварени приходи од УЈП, потврда од Агенција за вработување дека е невработен и потврда за редовен ученик или студент, кои корисниците на социјална помош можат да ги добијат бесплатно.