Министерот Ивановски учествуваше на конференцијата „Е-владини услуги за Европа без граници“

„Стратегии за подобра интероперабилност помеѓу јавната администрација низ цела Европа за поттикнување прекуграничните услуги“, е темата на тркалезната маса на која учествуваше македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, како дел од активностите на 6. министерска конференција „Е-владини услуги за Европа без граници“, што се одржа во изминатите два дена во Познањ, Полска.

Учесниците на тркалезна маса дискутираа за прекуграничните стандарди за е-идентитет, е-фактури и е-јавни набавки. Најголема дискусија имаше околу воведувањето на електронска лична карта со дигитален потпис, со којашто сите граѓани од Европа ќе можат слободно да патуваат и да ги добиваат услугите од јавната администрација во сите земји, исто како да се во својата матична земја, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

Воведувањето на ваквиот личен документ и поврзувањето на регистрите на податоци помеѓу државите е еден од главните приоритети за намалување на бирократските бариери со коишто се соочуваат граѓаните во земјите од Европската унија. Зголемување на соработката меѓу јавните администрации во Европа во полето на е-Влада е од клучно значење за обезбедување на доследна примена на активностите во оваа област како и за извршувањето на обврските од Дигиталната агенда и Законот за единствен дигитален пазар.

Шестата министерска конференција „Е-владини услуги за Европа без граници“  се одржа во организација на Полското претседателство со Европската унија, во соработка со Министерството за внатрешни работи и администрација на Полска и Европската комисија.

Владини претставници, експерти од земјите-членки и земјите кандидати за влез во Европската унија, како и бизнис-заедницата и академските кругови дискутираа за политиките поврзани со развојот на е-владините услуги вклучувајќи економски и социјални аспекти, стратегиите за интероперабилност за постигнување широка достапност на е-владините услуги за граѓаните и бизнисите, како и за проблеми околу теми како што се е-влада услуги, инклузивност, обезбедување квалитет.