Отворена изложбата „Во заштита на културното наследство“

Во Националната галерија на Македонија објект „Чифте амам“ денеска беше отворена изложбата „Во заштита на културното наследство“ од Историскиот музеј на Царината на Азербејџан.

На изложбата се презентирани вредни артефакти од културното наследство на Азербејџан кои досега беа претставени во Ватикан, Женева и Стразбур.

На отворањето на изложбата присуствуваа министерката за култура Елизабета Канчевска - Милеска, директорот на Царината Ванчо Каргов, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и директорот на Царината на Азербејџан, Ајдин Алиев.

- На изложбата се претставени 113 уметнички примероци од првиот век пред нашата ера до 20 век. Меѓу нив ќе видиме извонредни примероци на оружје произведено на територијата на Азербејџан, Индија и Авганистан, украсено со декорации во самиот метал, рече Канчевска - Милеска.

На изложбата се претставени и ткаени килими со традиционална геометриска орнаментика, традиционална облека, ракописи на Куранот од 19 век, икони од 19 век и 20 век, како и ракописи на библии. Особено вредна, како што рече Канчевска - Милеска, е и збирката на музички инструменти меѓу кои и виолината на Страдивариус. Декоративните бронзени фигури од пред нашата ера се до 19 век...