Честитка од премиерот Никола Груевски по повод Националниот празник на Соединетите Американски Држави

Почитуван

Г-дин  Барак ОБАМА                   

Претседател на Соединетите Американски Држави

 

Ваша Екселенцијо,

По повод Националниот празник на Соединетите Американски Држави, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Ви ги упатувам најискрените честитки и желби за сéстран развој на Вашата држава и благосостојба на нејзините граѓани. Oвој празник e втемелен во националната свест и историјата на aмериканскиот народ, како трајна  вредност за сегашната и идните генерации на Вашата земја, но тој претставува и вредност на демократијата и слободата препознаена во светски рамки.

Во оваа прилика, покрај искрените честитки сакам да Ве уверам дека пријателството и традиционалното партнерство и одличните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во континуитет ќе се зајакнуваат во сите области од взаемен интерес, и тоа и на билатерален план и на планот на заедничкиот ангажман во мировните мисии и изградување на мирот и промоција на цивилизациските вредности  во целиот свет.

Дозволете ми уште еднаш да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка што Соединетите Американски Држави и ја даваат на Република Македонија во правец на зачленувањето во НАТО и Европската Унија, како прашања коишто остануваат наша трајна стратешка определба.

Повторувајќи ги уште еднаш најсрдечните честитки и желби, и потенцирајќи ги стратешките врски меѓу нашите влади и држави, Ви ги упатувам, почитуван Претседателе, изразите на моето високо почитување.

 

     Никола ГРУЕВСКИ