Премиерот Груевски во обиколка на работите на автопатот Демир Капија-Смоквица
Премиерот Никола Груевски денеска по обиколката изрази задоволство од досегашната реализација на изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица од коридорот 10 на автопатот “Александар Македонски”, долга 28 километри, чија вредност изнесува околу 210 милиони евра.
- Тунелот е пробиен и сега се доработува во него. Пробиена е и голем дел од трасата. Се работи со силно темпо и засега нема некои посебни проблеми. Финансиската конструкција е заокружена и не очекуваме проблеми. Задоволни сме од темпото на изградба оти е најважно да не се доцни, за да не се изгубат дел од средствата. Импресиониран сум од градбата на трасата, изјави Груевски за медиумите.
Тој додаде дека околу 420 возила се вклучени во работите, се работи според утврдената динамика и се очекува работите да завршат како што е предвидено во 2016 година.
Директроот на Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија Љупчо Георгиевски, кој го придружуваше премиерот во Миравци изјави дека реконструкција на автопатот Велес Скопје по завршувањето на сите формалности се очекува да започне наредната година, а на делницата Велес-Кадрифово во наредните две три седмици.
- Тендерот за одредување на изведувач на работите на автопатот Велес-Скопје се очекува да заврши до крајот на оваа година. За патот Велес-Кадрифаково е избран изведувач, се очекува за две до три недели да се почне со правата фаза од градбата, зависно од согласноста од Европската банка за онбнова и развој. Оваа банка даде согласност за финансирае на проектот и се очекува само да се даде и согласност за градба, рече Георгиевски.
Премиерот Груевски денеска ја посети и лабораторијата при универзитетот “Свети Климент Охридски” во Битола, а која што е сместена на Битолската клиника. Станува збор за најсофистицирана лабораторија во регионот, која вреди речиси половина милион евра. Покрај Универзитетот и клиниката ќе ја користат и од приватниот, но и оддржавниот сектор. Опремата е во фаза на тестирање, за два до три месеца ќе ја добие акредитацијата и ќе почне со работа, појасни премиерот.
Тој во текот на денот го посети и селото Долно Српци каде пред неколку месеци изгоре училиштето. Најави дека изградбата на новиот училишен објект за учениците кои сега учат во импровизирани училници, треба да почне во април или порано, а следната есен би требало да биде комплетно готов.