Јанкулоска и Ристовски на хепенинг "Безбедни училишта-хармонична средина" во Гостивар
Со симболично оставање порака во книга, на пунктот на градскиот плоштад, министрите за образование и наука Спиро Ристовски и за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, денеска дадоа поддршка на проектот „Безбедни училишта-хармонична средина“, кој заедно со ОБСЕ се спроведува во средните училишта во Гостивар.
Учениците со испишани пароли против насилството се собраа на градскиот плоштад каде заедно со претстваниците на ОБСЕ и локалната власт ја проследија програмата.
- Нашето учество во овој проект е во насока на подигање на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и наоѓање форми за надминување на конфликти без насилство. Дебатата е единствениот прифатлив начин за надминување на ситуциите на недроразбирање, рече министерката Јанкуловска.
Таа информира дека минатата година, во земјава биле регистрирани 157 настани на насилство меѓу ученици. Најголемито дел од нив се случиле на подрачјето што го покрива СВР Скопје, па потоа следуваат Тетово, Битола и Охрид.
Министерот Ристовски нагласи дека превенцијата и образовниот процес се суштинската алатка за надминување на појавата од насилство меѓу учениците.
- Образованието е вистинскиот аргумент со кои тие треба да се борат и докажуваат во животот, а не физичките пресметки, бидејќи тоа е одраз на немоќните и слабите луѓе, рече министерот Ристовски.
Хепенингот на градскиот плоштад беше надополнет со музика и пораки за мир од гостиварските средношколци.