Груевски-Блер: Толеранција и мирно решавање на конфликтите

Премиерот Никола Груевски попладнево во Владата на Република Македонија се сретна со поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, кој престојува во Македонија по повод одржувањето на Сахара Балканскиот мировен фестивал.

На средбата позитивно се оценети ваквите манифестации кои за главна порака го имаат мирот и неговата промоција. Двајцата соговорници го истакнаа значењето на толеранцијата и соработката меѓу народите, превенирањето и мирното решавање на конфликтите.

Премиерот Груевски го запозна соговорникот со активностите што ги презема Владата во областа на ЕУ и НАТО интеграциите, економијата, образованието и културата.

Разменети се и мислења за светските економски текови и унапредувањето на условите за економски раст и развој.