Груевски: Добро е Германија да биде детално запозната со прашањето за името
Премиерот Никола Груевски ја оценува како позитивна средбата на посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, и смета оти е добро Германија да биде детално запозната со текот и содржината на процесот.
- Не би коментирал нешто каде што не сум бил присутен. Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Меркел. Знаеме со што се занимава тој и за кое прашање е поставен од ОН и сигурно дека тоа било главна и централна тема. Сосема е јасно дека Германија сака да има поточни и поконкретни информации. Германија е сериозен и можеби еден од најкрупите играчи во Европа во делот на политичките случувања, изјави Груевски, одговорајќи на новираски прашања по поставувањето камен темелник за изградба на ПЕТ центар.
Од тој аспект, додаде Груевски, Македонија не гледа ништо лошо во тоа, напротив, гледа добро.
- За нас е добро Германија да биде добро запознаена со случувањата со она што во минатиот период се случуваше во односите со нашиот јужен сосед затоа што ние мислиме дека имаме исправна позиција и имаме конструктивна позиција во тој дел. Токму кога една таква значајна држава како Германија ќе биде во детали запознаеме ние само позитивно можеме да гледаме на тоа и никако поинаку, истакна премиерот Никола Груевски.