Презентација на инвестициските можности на Макeдонија пред стопанственици во Дизелдорф
Премиерот Никола Груевски и владиниот економски тим денеска со претставување на инвестициските можности пред германските стопанственици во Дизелдорф ја завршува посетата на Германија.
На Македенско-германскиот бизнис форум ќе ги запознае со суштинските реформи што Република Македонија ги направи во изминатите години во насока на подобрување на деловната клима и градење имиџ на привлечна европска дестинација, јави известувачот на МИА.
Германските странски директни инвестиции во Македонија заклучно со 2010 година изнесуваат 71.370.000 евра или 2,98 отсто од вкупните странски директни инвестиции во Македонија. Годинава инвестирани се 0,11 милиони евра. Сектори каде се очекува влез на германски капитал се инвестиции во производството на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, бизнис услуги, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура.
Таа е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија и во 2010 и од почетокот на оваа година е на прво место на листата со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Вкупната размена годинава е 1.110.150.000 американски долари, со суфицит на македонска страна. Најмногу извезуваме катализатори на носачи со благородни метали, машикни и апарати за филтрирање и пречистување течности или гасови, текстилни производи, фероникел, вино од свежо грозје..., а увезуваме моторни возила, хемиски производи и деривати, ќерамички производи, рентген апарати за медицинска намена.
Владиниот тим инвестициските можности вчера ги претстави пред 60-тина германски стопанственици во Минхен, а ги посети и имаше разговори со раководството на Сименс и БМВ. Разговори беа остварени и со неколку компании со кои разговорите за инвестирање во Македонија се во понапредна фаза. Станува збор за компании од автомбилскаа индустрија. Претходно поволнистите за инвестирање беа претставени во Австрија.
Премиерот Груевски во Германија е придружуван од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот без ресор Веле Самак, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Фида и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо.