Ќе се ревитализира комплексот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане

Во манстирот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, денеска беше промовиран проектот „Конезрвација и ревитализација на културно-туристичкиот комплекс Св.Ѓорѓи-Старо Нагоричане“, финансиран од инструментот за претпристапна помош на Европската Унија – ИПА во соработка со Министерството за култура и Националниот конзерваторски центар.

Со проектот, освен конзервација на црквата предвидена е и адаптација на старата училишна зграда во етнолошки музеј, лоцирана непосредно до манастирот, ќе се извршуваат градежни активности на плоштадот во селото, со што ќе се придонесе за развој на туристичкиот потенцијал за општината.

Шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Аиво Орав потенцира дека Унијата придава огромна важност за заштитата на културното населедство, како важен елемент во зајакнување на културниот потенцијал.

- Денес сме собрани овде да ја промовираме новата програма, чија цел е конзервацијата на едно од културно-туристичките места во оваа земја. Европската унија ги поддржува културните институции во земјава преку различни програми. Во моментов, оваа поддршка се спроведува под Љубљанскиот процес, што е регионална иницијатива за културно наследство со фокус на Југоисточна Европа, рече Орав.

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска истакна дека прокетот за конзервација и ревитализација на „Св. Ѓорѓи“, кој потекнува од 14 век ќе овозможи сочувување на, како што потенцира, овој примерок на сакралната архитектура. Преку овој проект, додаде, заедно со институциите на Европската унија се демонстрира грижата за културното богатство.

- Црквата „Свети Ѓорѓи“, како архитектонско и фрескоживописно оставрување е сведоштво за уметничките дострели на нашите простори. Во нејзината внатрешност зографите Михаил и Евтихиј создале бесценет живопис, кој е несоменено културна вредност, која ја промовира нашата земја и во светски рамки. Токму затоа, грижата за овој споменик на културата е наша неодминлива обврска, која во наредниот период со имплементација на проектот за конзервција и реставрација ќе ја спроведеме со помош на инструментот за претпристапна помош на ЕУ-ИПА од првата компоненета, нагласи Канческа - Милевска.

За реализација на проектот, таа информира дека се одбезбедени 1.422 илјади евра, од кои од ИПА средствата се милион 166 илјади, а националното кофинансирање е 256.000 евра. Имплементацијата на проектот ќе се овдива во неколку фази.

- Веќе е потпишан и директниот грант со кој ќе се финансираат конзерваторските работи на црквата и камбанаријата. Завршена е и тендерската постапка за избор на фирма која ќе ги врши градежните работи на плоштадот во селото, старата училишна згрда која ќе се адаптира во етнолошки музеј и партерното уредување. Целокупниот проект, согласно предвидената динамика треба да биде завршен во втората половина на 2015 година, изајви министерката Канческа - Милевска.


Ревитализацијата на културно-туристичкиот комплекс, според неа, ќе го збогати културниот и туристичкиот потенцијал на овој регион и ќе го популаризира етнолошкиот фонд на регионот, но и на општина која ќе добие адаптиран црковен комплекс со што ќе се озбезбеди развој на туризмот и локален економски развој.

Директорот на Националниот конзерваторски центар Мемет Селмани рече дека оваа институција ќе ги спроведува археолошките и конзерваторските истражувања, фреско-живописот, иконостасот, камените надгробни споменици, конзерваторски работи на архитектурата со анагажирање стручни лица, специјализирани за каменорезачки активности.

- Успешното реализирање на проектот ќе биде еден од првите примери на добра практика, која понатаму ќе биде искористена за спроведување на голем број вакви и слични проекти во земјата и пошироко, истакна Селмани.

Заменик градоначалникот на општина Старо Нагоричане Драган Спасиќ смета дека проектот има особена важност за развојот на општината.