Груевски: Да се санкционираат виновниците за тепачките во Скопје
Во врска со последните тепачки во Скопје, денеска премиерот Никола Груевски изрази жалење и информира дека веќе разговарал со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Премиерот Груевски побарал да се најдат виновниците и соодветно да се санкционираат за да се спречат во иднина ваквите случувања кои, според него, се повторуваат кога се приближува некој важен датум како што е Европскиот состанок.