Честитка од премиерот Груевски по повод еврејскиот празник Ханука

До: Претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија

Г-ѓа Берта Романо-Николиќ,

 

До: Членовите и припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија                                 

Почитуванa Г-ѓо Романо-Николиќ,

Со особено задоволство, во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во нашата земја, Ви упатувам искрени и срдечни честитки по повод големиот Еврејски празник ХАНУКА.

Овој значаен еврејски празник е безвременска потврда на победата на слободата и слободниот човечки дух врз насилството, тиранијата и поробувањaтa. Вечерва, додека припадници на Еврејската заедница ја палат првата менора одбележувајќи го почетокот на осумдневното празнување, празникот на светлината ХАНУКА уште еднаш не потсетува на приказната која е двигател на вербата на еврејскиот народ во последните 2,000 години. Нека слободарскиот пламен кој гори овие празнични денови биде вечна светлина во животот на еврејскиот народ, но и на сите други народи желни за слобода, праведност и достоинствен живот.

Ви посакувам радосни празнични денови и Ве поздравувам со традиционалниот поздрав ХАНУАКАХ САМЕАХ.

 

Искрено Ваш,

Никола ГРУЕВСКИ