Проект за спречување на тепачките во автобусите на градскиот превоз

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ денеска го промовираа пилот проектот „Спречување на нарушувања на јавниот ред и мир во автобусите на градскиот превоз“.

Пилот-проектот во почетната фаза ќе се спроведува во четири општини-Кисела Вода, Сопиште, Ѓорче Петров и Гази Баба, а ќе се фокусира на сите средношколци.

Превентивната работа со малолетничката популација, нагласи министерката Јанкулоска, се на самиот врв на приоритетите на МВР.

- МВР во своето превентивно дејствување секогаш се водело и од актуелните проблеми и состојби, но не го занемарувало и планското, континуирано секојднено ангажирање на полициските служби, рече јанкулоска посетувајќи оти во изминатите две-три години МВР самостојно или во соработка со други институции имаше низа конкретни проекти. Tаа инфоримира дека досега во врска со насилничко однесување досега се пријавени 207 малолетници, од кои 35 се гонат кривично, додека 172 нивни врсници зработиле прекршочни пријави.

Според градоначалничката Беличанец-Алексиќ, партнерскито однос помеѓу полицијата и локалната самоуправа е клучот на успехот зa рано откривање и превенција односно сузбивање на криминалот и насилството на улиците.

- Наша обврска и одговорност е да создадеме безбедна средина за младит егенерации, да ги промовираме општоцивилизациските вредности кажувајќи му „не“ на насилстото во училиштата, правејќи ги нив места за промоција на вредностите на толеранција, меѓусебен респект и разбирање, истакна меѓу другото градоначалникот на општина Кисела Вода.

Мишо Николов, директор на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информира дека за првите шест месеци од годинава, без последните инциденти, регистрирани се 9 напади врз возачи и 15 инциденти, најчесто тепачки меѓу средношколци. Тоа, подвлече, претставува влошување во однос на минатата година, кога се евидентирани осум напади врз возачи и 12 тепачки меѓу средношколци.

Тој информира дека ЈСП - Скопје за 50 автобуси се набавува снимачи за камерите, а најверојатно почетокот на следната година веќе ќе бидат инсталирани, со што ќе му се помогне на МВР да ги идентификува насилниците.

- Нашата обврска согласно овој проект е да ги информираме нашите патници за проектот. На дисплеите внатре во автобусите ќе бидат испишани пораки со кои ќе ги повикаме граѓаните достоинствено внимателно да се однесуваат во автобусите, изјави Николов.

Дополнително, нагласи Николов, се вработени четворица контролори кои од 1. септември работат на линиите 65 и 55, како најризични линии. Нивната задача е да ги превенираат инцидентите. Директорот на ЈСП - Скопје најави и вработување на нови 4 до 6 контролори кои ќе бидат ангажирани на поризичните линии, меѓу кои оние накај општина Сопиште, кај Хемиското и ПТТ училиштата.