Премиерите на Македонија и на Унгарија ја посетија „Куќата на фудбалот“

Премиерите на Македонија и на Унгарија, Никола Груевски и Виктор Орбан, денеска  ја посетија  спортската академија „Куќата на фудбалот“.

Премиерот Орбан се потпиша во книгата за впечатоци, а од претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски доби подарок дрес на македонската репрезентација.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево ќе биде одликуван од македонскиот петседател Ѓорге Иванов со орден „8-ми Септември“ како докажан пријател на Македонија.