Честитка од премиерот Никола Груевски по повод празникот Св. Климент Охридски

До Поглаварот на Македонската Православна ЦркваОхридска Архиепископија

Архиепископ Охридски и Македонски Господин Господин Стефан

 

Ваше Блаженство,

Со голема чест и радост, во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од нашата земја, Ви го честитам 8 Декември, големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски и Ви пожелувам благословени и среќни празнични денови.

Овој наш голем празник е посветен на светителот кој на македонско тло ја создаде кирилицата и кој со своето дело го обедини светото и световното, оставајќи зад себе силни универзални вредности чија благодат ја ползува не само македонскиот народ туку и целокупниот христијански свет и човештвото во целина. Продолжувајќи ја просветителската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски на најдобар начин ги застапувал вредностите на православието преку учењето за солидарноста, христијанскиот дух и верата на луѓето.

Неговите дела се епохални и безвременски. Тие за навек не задолжија нас, граѓаните на Република Македонија. Чествувајќи го овој голем празник, да покажеме поголемо заедништво и мудрост и да излеземе посилни пред предизвиците со кои се соочуваме.

Нека ни е за многу години големиот државен празник !

 

Со почит,

 

Никола ГРУЕВСКИ