Вицепремиерот Ставрески на средба со бизнисмени од Делчево

Проекциите на Буџетот за 2014 година, мерките што ги презема Владата за подобрување на патната инфраструктура и стимулациите за зголемување на вработеноста во аграрот и во реалниот сектор, беа темите на попладневната средба на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски со бизнисмените од Делчево.

На средбата присуствуваа и директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, како и градоначалникот и претседателот на Советот на  Делчево, Дарко Шехтански и Драган Христов.

Делчевските бизнисмени ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат во работењето, при што  беше нагласен недостигот од квалитетна работна сила, особено во областа на текстилната индустрија.

Вечерва во Делчево, министерот Ставревски ќе има средба и со градоначалниците од  источниот регион.