Средба на Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски со Министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Кристиан Вигенин

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес, се сретна со Бугарскиот Министер за надворешни работи, Кристиан Вигенин, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

Во фокусот на разговорите се најдоа повеќе билатерални проекти за соработка во доменот на инфраструктурата, економијата и севкупно регионалното поврзување Беше констатирано дека проектите како што е ставањето во функција на коридорот 8 и поврзувањето преку железница се од големо значење за двете економии, како што се впрочем и сите други проекти кои регионално не поврзуваат и се од заеднички интерес.

Во организација на дипломатската академија на МНР Министерот Вигенин оддржа предавање не темата ЕУ и Западниот Балкан-перспективите во 2014 г.

Во рамки на посетата шефот на бугарската дипломатија оствари средба со пратеничката група на Собранието на Република Mакедонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија при што стана збор за континуирано унапредување на Парламентарната соработка.

Средбата меѓу двајцата Министри во Скопје претставува континуитет на започнатата пракса на зачестени политички дијалози помеѓу двете земји. Тие се заложија овој тренд на дијалози во отворен дух да продолжи и во иднина, во насока на продлабочување и унапредување на односите помеѓу двете земји.