Последната група деца замина на бесплатно зимување на Пелистер

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ја испрати третата група деца на бесплатен одмор и рекреација во детското одморалиште Пелистер.

На бесплатно зимување на Пелистер годинава услугата ќе ја искористат околу 1.000 дечиња во рамки на владиниот проект за бесплатен одмор и рекреација за деца од социјално загрозени категории, социјални семејства, со пречки во развојот, со посебни потреби и деца и без родители и родителска грижа.

- Досега 660 деца ја искористиле услугата, а ова е последната група која заминува. Опфатени се сите градови од Македонија со по определн број деца, кои имаат можност да ја искористат услугата, односно да присуствуваат на бесплатен одмор и рекреација, своето време да го поминат во дружење во забава, културно-забавни и едукативни активности и да имаат незаборавни моменти и среќни мигови за време на беспатниот одмор, кој трае шест дена со полни пансиони, изјави Спасов по испраќањето на последната тура.

Ова е трета година во која се релизира проектот за бесплатен одмор за деца од социјално загрозени семејства во зимскиот и во летниот период.

- Изминатите три години опфатени се над 6.000 дечиња. Владата и во иднина ќе продолжи со реализација на проектот овозможувајќи им на децата, кои доаѓаат од социјално загрозените семејства беспалтен одмор, да им дадеме можност и тие да посетата одредени летни или зимски одморалишта, посочи Спасов.

Сузана Тунева - Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје, истакна дека Црвениот крст трета година е вклучен во проектот со волонтери кои ги придружуваат  децата кои ги користата летните, односно зимските одмори.

- Над 30 волонтери ќе присуствуваат во зимските одморалишта, кои се со одредена професионална струка, пред се социјални работници, психолози, педагози и студенти во завршни години на студии. Тоа се волонтери кои имаат завршено одредена обука како тррба да се однесуваат и што треба да организираат за децата додека претстојуваат во одморалиштата, рече Тунева - Пауновска .

Идејата, додаде, е да им го направат попријатен претстојот во одморалиштето, преку социјализација и рекреација одморот да им остане во добар спомен на дечињата.