Груевски: Започнува процесот за избор на претседателски кандидат
Со денешното распишување на претседателските избори стартува процесот и планот на ВМРО-ДПМНЕ некаде кон крајот на февруари или почетокот на март да одржи конвенција на која ќе се избере и кандидат за претстојните претседателски избори, одговори премиерот Никола Груевски на новинарско прашање во врска со претстојните претседателски избори и евентуалните можни предвремени парламентарни избори.
- Што се однесува до евентуални предвремени парламентарни избори можам да кажам дека досега сме фокусирани на претседателските избори и не бевме фокусирани на прашањето поврзано со предвремени парламентарни избори. Сепак, изјавите што ги дадоа челници на ДУИ во минатите неколку дена фрла нова светлина врз настаните коишто доаѓаат и ние тоа со внимание го следиме и анализираме, изјави премиерот Груевски по пуштањето на патот Ерџелија – Мустафино.