Министерството за финансии поднесе предизборен финансиски извештај
Министерството за финансии соопшти дека денеска го достави и објави предизборниот финансиски извештај, во кој даде детален преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот на Република Македонија по ставки, во периодот од 1 јануари до 14 февруари 2014 година.
Извештајот е доставен до Државната Изборна Комисија.
Обврската Министерството за финансии да поднесе и објави предизборен финансиски извештај две недели по распишување на изборите е согласно последните измени и дополнувања на Изборниот законик (Сл. весник на РМ бр. 14 од 24.01.2014 година, член 2 став 4).