Јавната администрација доби стандарди за управување со човечки ресурси
Со донесувањето на Законот за администрација и Законот за вработени во јавниот сектор, најголем сегмент на кој што се посветува во реформата на администрацијата е јакнењето на човековите ресурси, исткна министерот за иформатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната презентација на прирачникот „Стандарди за управување со човечки ресурси“.
- Паралелно со изработка на Законот за администрација се изработуваше и овој прирачник за да биде доделен на институциите, секторите за човековите ресурси на локалната и централната власт за да можат да се прилагодат на новините кои што се во двата нови закони, рече Ивановски.
Во таа насока, рече министерот, на вчерашната седницата на Владата на Република Македонија биле разгледани и усвоени 105 закони во кои се врши прилагодување на материјалните закони од сите институции со законите за вработени во јавниот сектор и законот за административни службеници.
- Тоа значи дека во 105-те закони се интервенираше за јакнење на човековите ресурси за директорските позиции, за познавање на странски јазици, познавање на компјутерски вештини, полагање психолошки тест....Тоа значи дека е за сите надзорни и управни одбори, сите совети, комисии, бироа и сите установи кои се под државната власт ќе мора да ги почитуваат токму овие човекови ресурси, истакна Ивановски.
Посочи дека овие стандарди се столбот на реформата во администрацијата и јакнењето на човековите ресурси, каде што најкомпетентните ќе влегуваат во администрацијата.
Амбасадорот на Кралството на Велика Британија Кристофер Ивон во неговото обраќање како поддржувачи на оваа публикација преку проектот „Поддршка за реформата во јавната администрација“ истакна дека иако јавната администрација можеби не е многу ценета сепак таа е од големо зачење и е суштински важна.
- Вашите клиенти се вкупно два милиони луѓе, за вас од јавната администрација, значи тие плаќаат даноци за тоа и очекуваат квалитетна услуга особено од јавната администрација, рече Ивон.
Посочи дека клучна работа во јавната администрација е таа да се стреми кон тоа да се усовршува и подобрува, а тоа ќе значи дека клиентите ќе ги добијата најдбрите услуги.
Стандардите за управување со човечки ресурси се збир од добри практики произлезени од раководењето со најдрагоцениот капитал со кој располагаат организациите, луѓето и нивниот потенцијал. Станардите стимулираат напредок и професионално усовршување на вработените во секоја организација.