Ставрески: Годинава 365 милиони евра за градежни инфраструктурни проекти
Градежништвото минататата година оствари раст од 33 проценти и имаше значајна улога во растот на економијата во целост. За годинава од Буџетот се предвидени 365 милиони евра за реализација на инфраструктурни проекти.
Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески прогласувајќи го за отворен 11. Меѓународен сам на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и на 4. Саем на недвижности и инвестиции - RealExpo.
Потенцира дека растот не е случаен и дека е поттикнат од низа мерки и активности и потези што ги прави и приватниот сектор и Владата во насока на поддршка на градежната активност. Изрази верување дека со силната поддршка од Владата, градежниот сектор и во наредниот период ќе има добри резултати.
- Предвидените средства за 2014 година ќе завршат во изградба на патишта, училишта, спортски објекти и се она што може да даде работа за македонските градежни компании и за вклучување на македонски работници или за подобри резултати на фирмите, рече вицепремиерот и додаде дека голем број македонски фирми беа вклучени во реализација на капиталните проекти кои се финансираат од буџетот, но дека и голем дел ги искористија можностите за да изградат згради, индивидуални куќи или деловни објекти.
Ставрески смета дека важни се и други мерки што се преземаат за подобрување на бизнис климата меѓу кои поедноставената процедура за издавање градежни дозволи, продажбата на градежно земјиште од едно евро за метар квадратен, како и проектот „Купи куќа, купи стан“.
Според вицепремиерот, главната улога во секторот градежништво ја имаа фирмите од приватниот сектор.
На годинашната саемска манифестација се пристуни 300 компании од Македонија регионот и пошироко, како и на инвеститори во рамките на RealExpo, и се очекуваат 15.000 посетители.
Градежниот сектор очекува годинава да продолжи да расте. Да има поголема побарувачка на градежни материјали, цените сметаат дека можеби ќе се променат но незначително, а за цената на становите посочуваат дека е оптимална. Градежните фирми посочуваат градат висококвалитетни градби.
Ванчо Чифлиганец од АДОРА Инженеринг посочи дека тие градат 250 станови годишно и оти сите се продаваат кога станува збор за вискоквалитетни градби. Годинава потенцира дека компанијата има за 10 проценти повеќе продадено станови во однос на претходните месеци.
- Има мал пад на цената и мислам дека под таа цена не може да се спушти. Во скопје цената од 900 до 1.200 евра е нормална цена за македонски услови, рече Чифлиганец.
Велимир Петровски од Кнауф Радика посочи дека годинава очекуваат раст од 20 отсто, кој го очекуваат од проширување на продажната програма.
- Цените потенцира дека се стабилизирани иако сме под притисок на зголемување на цените на енергенсите и репроматеријалите кои доаѓаат од увоз. Енергенсите се голема ставка во производството и затоа сметаме дека гасификацијата ќе и помогне на индустријата на производство, рече Петровски.
На саемот за градежништво, кој подразбира сестрана промоција на оваа стопанска дејност на производителите и трговците од Македонија и од странство, се нудат производи и услуги за работа, модернизирање, одржување и опремување објекти и имоти. Акцентот ќе биде ставен на новите материјали кои обезбедуваат енергетски заштеди. Се очекува тој да го привлече вниманието на експертите од областа на градежната индустрија и да овозможи средби, дискусии и склучување зделки.
На саемот на недвижности, пак, ќе бидат понудени над 3.000 станови во Скопје, Охрид и Струмица од повеќе домашни и од една странска компанија, ќе бидат промовирани нови објекти, како и поволни услови за купување станови преку кредити од комерцијалните банки.