Подобрување на извозот преку конкуретни производи и реиндустријализација
Владата и бизнис заедницата заеднички ќе работат на унапредување на извозот преку имплементација на стратегии и создавање на конкурентни производи.
Тие денеска на седмата конференција за унапредување на извозот што ја организира Министерството за економија разговараа за натамошните активности што би требало да се реализираат на овој план.
Од Владата посочуваат дека интенција е да се зголеми бројот на македонски компании кои извезуваат, како и количините на извоз. Очекуваат продолжување на трендот на зголемување на извозот и преку економските промотори да се помогне настапот на македонските компании на странските пазари.
- Сега само пет проценти од активните компании во Македонија реално се занимаваат со извоз. Ќе настојуваме тој број да го зголемиме, а се разбира и структурата која во овој момент во голем дел се производи со низок степен на додадена вредност. Сепак, од годинава веќе структурата на извозот се менува како резултат на работата на компаниите во слободните економски зони, односно годишен извозен производ веќе не се само металите, туку и деловите од автомобилската индустрија што мислиме дека како тренд ќе продолжи имајќи го предвид бројот на слободни економски зони кои ги градиме, но и бројот на нови инвестиции кои беа најавени и чии фабрики почнаа да се градат, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Министерот за економија Валон Сарачини напомена дека Владата активно работи на поддршка на извозот и во таа насока посочи дека во соработка со Светска банка е подготвена стратегијата за помоција на извозот со конкретен акциски план.
Во Сојузот на стопански комори на Македонија сметаат дека компаниите треба да работат на создавање производи и услуги што ќе бидат извозно конкуретни, а малите претрпијатија би требало заеднички да настапуваат на странските пазари.
- Околу 40 илјади се микро и мали претрпијатија кои немаат доволен капацитет сами да освојуваат странски пазари. Тие мора меѓусебно да се здружат и со заеднички напор да создадат како квантитативна, така и квалитативна понуда која ќе може да го најде своето место на странските пазари и во услови на очекувана ресесија, истакна Митко Алексов, извршен директор на ССК.
Засега, како што информира Алексов, немаат откажување на нарачките, но рецесијата што по сите индикатори се очекува следната година во ЕУ, според него, со одреден интензитет би се одразила и врз македонското стопанство.
Стопанката комора на Македонија пак оценува дека инвестирањето во инфраструктурата и реиндустријализација би оделе во насока на подобрување на извозот.
- Со свртување кон изгрдаба на нови индустриски капацитети ќе ја подобриме значително билансната позиција, ќе го подобриме извозот и ќе ги привлечеме странските инвестиции кои во тој момент ќе бидат поактративни затоа што ќе ја подобриме инфратструктурата, рече Бранко Азески, претседател на СКМ.
Во 2010 година извозот беше зголемен за 29 проценти, а очекувањата се дека 2011 година ќе заврши со пораст на извозот од 21,2 отсто во споредба со 2010 година.