Велигденска честитка од премиерот Груевски до верниците и до претседателот на Eвангелистичко-методистичката црква
До ЕВАНГЕЛИСТИЧКО-МЕТОДИСТИЧКАТА ЦРКВА
Г. Емил Заев, Претседател
Почитуван г-дин Заев,
Со особена радост и задоволство, на овој величествен ден кога се прославува празникот над празниците, сакам во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам, на Вашето ценето свештенство и на сите верници на Евангелистичко-методистичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам Христијанскиот празник - Велигден.
Денот на Христовото воскресение е најзначајниот ден за верниците. Она што за луѓето беше незамисливо, неможно и далечно, со Христовото воскресение постана блиско и сеприсутно. Со тој чин, Бог покажа најголема жртва и љубов кон човекот. Токму затоа, да се поклониме на неговата милост, да продолжиме да го одиме патот зацртан од Бога и да ги празнуваме Божјата волја, добрина и човекољубие.
Честитајќи Ви го овој голем ден, Вам и на сите верници Ви посакувам време исполнето со разбирање, милосрдие и благослов во секој дом.
Нека ни е честит и за многу години, големиот христијански празник Велигден !
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ