Премиерот Груевски присуствуваше на Бајрамската молитва во џамијата во Шуто Оризари
Премиерот Никола Груевски, утрово присуствуваше на Бајрамската молитва во џамијата во Шуто Оризари Скопје по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.
Груевски на присутните верници им го честита празникот посакувајќи им добро здравје, успех, мир и просперитет во семејствата. Тој им посака благодет и убаво празнично расположение.
Воедно Премиерот Груевски упати порака на единство и меѓусебно почитување како основа за напредок и општ развој во државата.