Груевски: За 100 дена реализирани 116 и почнати 554 проекти од програмата
За само 100 дена целосно реализиравме 116 проекти од вкупниот број предвидени во програмата, a други 554 проекти почнаа да се рализираат и се во тек. Тоа се вкупно 670 проекти што се целосно спроведени или во тек е нивна реализација, рече премиерот Никола Груевски во отчетот за сработеното во првите 100 дена од работата на владиниот кабинет.
Дополнително, додаде, се спроведуваат 161 проект што не беа предвидени со програмата.
Според Груевски, отчетот е резултат на проекти од конкретна програма со конкретни рокови за конкретни дела и чекори со конкретен буџет за реализација.
- Детално, прецизно, темелно и одговорно токму како што граѓаните очекуваат и не е случајно што во конктинуитет ни ја даваат довербата, рече Груевски.
Во изминатиот период, посочи, работевме многу, со жестоко темпо на работа, а во спроведувањето на програмата беа вклучени илјадници луѓе на сите нивоа.
Во економијата и покрај предизвиците и последиците од европската економија постигнавме највисок економски резултат, најголем раст на економијата во Европа во првите 6 месеци, кој е движен од високите капитални инвестиции на Буџетот и од извозот на фирмите во ТИЗР-овите и во индустриските зони.
- Во вториот кварт од 2014 имаме раст на БДП од 4,3 отсто, а во првиот квартал од 3,5 отсто. Во овој период интензивно се реализираат крупни инфраструктурни проекти во патната инфраструткура, железничката инфраструктура, во образованието, во здравството, енергетиката и во други области. Мерките што ги презедовме ја постигнаа целта и обезбедија работа за градежништвто и на други 20 индустриски гранки, рече Груевски.
Според него, со проектите и мерките на Владата, во Македонија во континуитет се намалува невработеноста, чиј износ се намали на 28,2 проценти, а една од најуспешните е политиката на привлекување странски инвестиции. Македонија, нагласи, и натаму останува земја со најниски даноци, обезбедува поддршка за домашните компании,...
Наспроти одлуките на останатите влади, оваа Влада, посочи Груевски донесе одлука за зголемување на платите, пензиите, социјалната помош.
Во делот на инфраструктурата ова е период кога како никогаш порано интензивно се работи на изградба на три автопатски делници, Демир Капија Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, рече Груевски.
Стратешки приоритет и интерес на Македонија, истакна, остануваат евроатлантските интеграции.
Груевски: Привлекувањето странски инвестиции најуспешна политика
Привлекувањето странски инвстиции е една од најуспешните политики на Владата, оцени денеска премиерот Никола Груевски, во отчетот за сработеното на Владата во првите 100 дена.
По 17-те објавени инвестиции во Македонија пред изборите, во првите 100 дена од работата на новата Владата 6 компании објавија одлуки за инвестирање, а уште 6 донесоа интерни одлуки. Уште две компании присутни со инвестиции одлучија да ги прошират капацитетите. Тоа, истакна Груевски, се вкупно 31 инвестиција.
Во шесте компании што донесоа одлука за инвестирање во првите 100 дена и ја објавија, како што рече Груевски, се Монтанте груп од Италија од каде објавија изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1 за производство на амротизери за тешки возила, во висина од 100 милиони евра со 100 вработувања, но со потенцијал до 400 вработувања, како и „Мач груп“ турска компанија од земјоделството и прехранбената индустрија, која купи земјоделско земјиште и планира изградба на откупен ценар и инвестиции во земјоделството, односно веќе ги врши своите подгоовки.
- Компанијата „Демпо груп“ од Турција, пак, која се занимава со производоство на амбалажа, јаглен и мермер, објави дека ќе инвестира во две фабрики во Македонија, првата инвестиција е од 3 милиони долари во фабрика за производоство на амбалажа со 150 вработувања, а втората инвестиција во фабрика за производоство на мермер и мозаици, во вредност од исто така 3 милиони долари и планирани 150 вработувања, но со тенденција за вработување на 400 лица во следниот период, рече Груевски.
Тој додаде дека четврта компанија која дополнително донесе одлука за инвестирање е „Смирна“ од Турција која веќе има инвестиција во Битола, планира купување земјиште во Могила и Новаци и тоа го објави, а после тоа планира да се прошири и во Росоман. Целта им е создавање нови садници во земјоделските производства и изградба на откупно дистрибутивни центри.
- Петта е компанијата ОХИ груп од Турција која објави дека веќе е во финиш на подготовките да отвори фабрика за гуми и лепила која ќе вработува 400 работници. Шестата компанија, „Пролајн“ од Турција, објави инвестиција во фабрика за производство на пластика во вредност од најмалку три милиони евра и почетни 50 вработувања, наведе премиерот.
Тој укажа и дека две компании кои веќе имаат инвестиција во Македонија донесоа одлуки за проширување на дејноста и изградба на нови капацитети и фабрики. Тоа се „Гришко“ од каде што објавија инвестиција во нов капацитет и вработувања на 160 до 200 работници, а компанија која веќе има свои капацитеи во една од зоните најави проширување на капацитети и нова инвестиција во третата фаза од произвдоството, рече Груевски.
Меѓу шесте нови компании, кои донеле интерна одлука за инвестиции во Македонија, а која сеуште ја немаат објавено, информира Груевски, се германска компанија која ќе инвестира во ТИРЗ Скопје 2 во фабрика за електрични уреди, со можност за вработување на 500 работни места, од кои голем број струлно образовани кадри. Глобална компанија од САД од автомобилската индустрија има донесени одлука за инвестирање во ТИРЗ Скопје 1, вкупната инвестиција е 15 милиони евра, а планираат отворање 400 работни места. - Компанија од Турција има донесено одлука да инвестира во Македонија во капацитети за производство на прехранбени продукти, американска глобална компанија од секторот за аутсорсинг реши да се прошири во Македонија и во рок од две години да отвори 300 работни места, а во подолг рок 1.000 работни места. Мешовита американско и западноевропска интернационална компанија има донесено интерна одлука да инвестира во прилепско мариовскиот регион, со најмалку 1.000 вработувања. Компанија со седиште во САД има донесено интерна одлука да инвестира во Македонија и да отвори капацитети во Скопје и во Битола и да отвори 2.000 работни места, рече Груевски.
Седумнаесетте странски инвеститори, кои пред изборите објавија дека ќе инвестирааат во Македонија, укажа премиерот, по изборите активно работат на отворање или подготовка на нови фабрики. Меѓу нив се „Дијатек“ од Италија, „Веибо груп“ од Турција, украинска „Енергија“, „Маркарт“ од Германија......
Во отчетот премиерот Груевски оцени дека во економијата и покрај предизвиците и последиците од европската економија е постигнат највисок економски резултат. Постигнат е, нагаласи, најголем раст на економијата во Европа во првите 6 месеци, движен од високите капитални инвестиции на Буџетот и од извозот на фирмите во ТИЗР-овите и во индустриските зони.
- Во вториот кварт од 2014 имаме раст на БДП од 4,3 отсто, а во првиот квартал од 3,5 отсто. Во овој период интензивно се реализираат крупни инфраструктурни проекти во патната инфраструткура, железничката инфраструктура, во образованието, во здравството, енергетиката и во други области. Мерките што ги презедовме ја постигнаа целта и обезбедија работа за градежништвто и на други 20 индустриски гранки, рече Груевски.
Во првата половина од 2014 година во споредба со првата половина од 2013, додаде, градежништвото има пораст од 5,6 отсто. Странските директни инвестиции бележат раст од 12,1 отсто во првата половина од 2014 година во споредба со истиот период од минатата година. Македонија е ниско умерена задолжена земја. Иако многупати слушам критики дека сме се задолжувале дека еве само што не сме пропаднале и што уште не, посочи претседателот на Владата.
Во делот на инфраструктурата, нагласи, ова е период кога како никогаш порано интензивно се работи на изградба на три автопатски делници, Демир Капија Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, рече Груевски.
Во отчетот премиерот се осврна и на активностите за намалување на невработеноста, која во вториот квартал се намали на 28,2 проценти што, потенцира, иако сеуште високо е историски најниско ниво во последните 18 години откако се спроведува анкетата на работна сила.
Истовремено стапката на вработеност во вториот квартал од 2014 изнесува 41,1 процент што е највисоко најдобро остварување откако се спроведува анкетата на работници.
Инвестиции во здравството и земјоделството во изминатите 100 дена од работењето на Владата
Во изминатите 100 дена од работењето на новата Влада донесен е закон за отворање аптеки во руралните средини, направени се првите кардиохирушки интервенции во јавното здравство, реконстукција на болници, исплаќање на субвенциите по однапред утврден календар, реализација на проекти во изградба на локална патна инфраструктура и инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи, се дел од реализираните проекти во здравството и земјоделството.
Премиерот Никола Груевски на денешниот отчет за сработеното во изминатите 100 дена од работењето на новата Влада појасни дека сопствениците на две или повеќе аптеки во иста општина или на пет и повеќе аптеки во државата, согласно со најновите измени на Законот за лекови и медицински помагала имаат обврска да отворат аптека или аптекарска станица во рурално подрачје.
- Направени се првите кардиохирушки интервенции во јавното здравство во Република Македонија, како дел од проектот Државна кардиохирургија и веќе таа нормално и успешно функционира. Се обезбедија 70 специјализации во Германија, Хрватска, Словенија, Бугарија и тие веќе почнаа да се реализираат, рече груевски.
Во овој период, додаде тој, почна со реализација проектот за бесплатна телефонска линија за медицински совети.
- Заврши реконструкцијата на здравствениот дом во Крива Паланка и Поликлиниката Букурешт, а почна реконструкција на болницата во Кичево. Продолжи подготовката за почеток на изградба на нов Клинички центар во Скопје, како и на Клиничка болница во Штип. Два проекти за кои се прават големи напори и сме многу блиску до почнување на градба на овие два објекти. Во напредна фаза е изградба на ПЕТ центарот во Скопје, истакна Груевски, додавајќи дека е донесена и одлука за воведување поливалентни вакцини за вакцинација на децата.
Проектот за домашна визита, информира дека се проширува на лицата од ранливи категории. Почна проектот за отворање нефролошки пунктови.
Владата, додаде премиерот, донесе мерка со која се предвидува секоја градба наменета за станбено делување во која има 10 или повеќе стана да биде приспособена за пристап и за движење на лицата со инвалидитет, а еден од 10-те стана да биде приспособен за нивно живеење. Се предвидува сите пешачки патеки и јавни површини што ќе се градат во иднина да имаат и патеки за движење на слепите лица.
Во делот на земјоделството, Груевски подвлече дека во првите 100 дена на Владата успешно заврши аплицирањето на средствата за субвенции по мерките за директни плаќања за што барања поднеле 74.000 корисници и дел по дел тие се исплаќаат.
- Почнувајќи од оваа година земјоделците ги добиваат субвенциите по однапред утврден календар, со кој е определена стрикна динамика на аплицирање и рокови за исплата на субвенции. Времето за исплата на субвенциите е усогласено според потребите на земјоделците за финансирање на земјоделските активности зависно од карактеристиките на земјоделското производство. Досега според овој календар се исплатени тутунарите во износ од 26,5 милиони евра, а во периодот септември - октомври, односно пред и завреме на есенската сеидба следува исплатата на полјоделските култури, подвлече Груевски.
На барање на земјоделските здруженија, како што посочи, продолжен е и рокот за поднесување барања за легализација на земјоделската механизација.
Реализирани и во финална фаза на реализиација се инвестиции во инфраструктурата на македонското село. Реализирани се 14 проекти за изградба на локална патна инфраструктура и инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи, 10 проекти за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини и шест проекти за унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.
- Привршува изградбата на системот за наводнување на Маркова река – Куклиш со кој се обезбедува наводнување на околу нови 400 хектари земјоделско земјиште. Почнува изградбата на пристапен пат каде ќе се гради браната Речани на Оризарска река со придружни објекти и акомулација со која ќе се реши проблемот во водоснабдување на општините Виница, Кочани и Чешиново – Облешево и ќе се овоможи наводнување на 1.500 хектари нови површини земјоделско земјиште, рече Груевски.
Тој посочи дека е завршена тендерската постапка за чистење на 143 километри каналска мрежа со која ќе се превенираат ситуации на поплавување на земјоделските и неземјоделските површини. Активностите ќе се реализираат во средината на октомври. Во тек е и тендерска постапка за избор на изведувач на браната Коњско, како една од најголемите капитални инвестиции за следниот период и обезбедени се услови за почнување навремена експропријација за изградба на хидросистемот Равен-Речица.
- Во овој период, а со цел континуирано и долгорочно инвестирање во инфраструктурата за наводнување и одводнување во Република Македонија подготвен е и во фаза на регионални јавни расправи е планот за инвестирање во водостопанската инфраструктура во периодот 2015 - 2025 година. Овој план со кој се планираат да се инвестираат по 20 милиони евра секоја година ги содржи сите предвидени инвестиции во водостопанството, кој треба да резултираат со зголемување на наводнуваните површини на долг рок за нови 24.350 хектари и преку тоа зголемување на приносите на производството, истакна премиерот Никола Груевски.
Груевски: Повисоки плати и пензии
Владата предвиде средства во Буџетот за зголемување на платите на администрацијата за четири проценти, почнувајќи од октомвриската плата и на пензиите и социјалната помош за пет отсто од идната година, потсети премиерот Никола Груевски во отчетот за сработеното во првите 100 дена.
- Донесена е одлука и предвидени се средства во Буџетот за 2015 да продолжи зголемувањето на пензиите за пет проценти, почнувајќи од септемвриската пензија во 2015 гдоина, која се исплаќа во октомври. Донесена е исто така одлука и предвидени се средства во Буџетот за 2015 за да продолжи зголемувањето на социјалната помош на граѓаните, за зголемување на надоместоците за социјална помош почнувајќи со зголемениот надоместок во јуни, кој се исплаќа во јули 2015 година, рече Груевски.
Од реализираните проекти корист, вели премиерот, ќе имаат сите граѓани Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите... за христијаните, муслиманите, за атеистите... Секој еден граѓанин, додаде тој, може да се пронајде во најмалку еден проект, а во најголем број случаи во многу повеќе проекти од еден.
- Ќе продолжиме силно и понатаму. Има уште многу проекти кои треба да движат напред, уште многу работа и свесни сме за тоа. Свесни сме и за надежите кои ги полагате во нас. Ќе продолжиме со силно темпо за секој еден од вас затоа што вашата доверба мотивира, истакна Груевски.
Во отчетот за сработеното во првите 100 дена од работењето на новата Влада, премиерот се осврна и на социјалната политика и социјаланта правда, на кои посочи се обрнува особено внимание.
- Од особена важност е поддршката и помошта која ја правиме за подобрување на позицијата на најранливите категории граѓани на кои им е потребна и најголема помош и поддршка. Првата одлука на новата Влада беше донесување Закон за отпис на долговите за социјално ранливите категории. Тоа беше и наше ветување во програмата, рече премиерот Груевски.
Тој потсети дека овој закон помина и во Собрание и веќе заврши првата фаза од неговото спроведување, во која сите доверители - банките, ЕВН, Топлификација, нотарите, извршителите, го изразија својот интерес да учествуваат во процесот врз основа на јавен повик.
- Во тек е втората фаза во која сите должници од социјалните категории кои се наведени во законот за долговте по основ на сметки за електрична енергија, парно, ненаплатливи кредити ги пријавуваат своите интереси да учествуваат во проецесот и да им бидат отпишани долговите како што предводува законот, рече Груевски.
Шефот на Владата, истакна дека покрај ова, донесена е мерка за лицата кои примаат социјална или постојана парична помош како и на лицата со ниска примања елаборатоте за легализација на бесправно изградените објекти - дивоградби ќе им ги прави државата бесплатно. Извршено е, додаде, ослободување од плаќање радиодифузна такса за лицата во социјален ризик, овозможен е бесплатен одмор за 2.000 деца од семејства во социјален ризик. Донесени се, рече, и низа мерки за унапредување на животот на македонското семејство како дополнително унапредување на условите од Проектот „Купи куќа - купи стан“ со намалување на каматните стапки за субвенционираниот кредит за стан од 4,99 на 3,95 за првите три години од отплата на кредитот и од 5,5 на 4,44 проценти за четвртата и петата година за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет, како што беше ветено во програмата.
Груевски наведе и дека зпаочна проектот „Слободен четврток“ за студентите со кој им се овозможува бесплатна влезница секој четврток за посета на претстави од културата и бесплатен превоз со Жичарницата до Водно.
Воведен е и бесплатен превоз со железничкиот сообраќај за повозрасни лица - жени над 62 години и мажи над 64, секој втор викенд во месецот, потоа бесплатен железнички превоз за млади до 27 години секој трет викенд во месецот и за студенти секој четврток, како и попуст во железничкиот превоз од 50 отсто за ученици и студенти секој ден.
Во сферата на културата пуштен е, вели Груевски, новиот театар во Велес, реализирани преводи на дела на македонски јазик од албанската и турската книжевност во Македонија застапени во проекрот „135 Тома македонска книжевност“, се изведе покривната конструкција на сцената „Долни Сарај“ во Охрид и се донесе закон за прогласување на старото градско јадро на Кратово од особено значење.
Во делот на полицијата премиерот Груевски истакна дека се реализираа редица проекти во насока на транспарентно и ефиканско реализирање, а Владата започна и кампања во делот на безбедноста во сообраќајот.