Канческа-Милевска во посета на локалитетот Црквиште во кумановско Клечовце
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети локалитетот Црквиште во кумановско Клечовце, каде што беше откриена ранохристијанска базилика. Поддршката од Министерството за култура продолжува и годинава, бидејќи истражувањата покажуваат дека под базиликата се наоѓа римска бања.
- Денеска имаме можност да видиме еден исклучително важен наод, а тоа е откривање римска бања која што се наоѓала под самата црква, бидејќи овој период се истражуваше во центарот на самата црква и откриени се две фази на градење на црквата. Тоа е од 5-от и 11-от век, а со откриивањето на римската бања, оваа откритие потврдува дека овде имало постоење на една римска населба, на едни цивилизациски приодобивки кои што се важни за самиот локалитет, пред се и важно за проучување и научно понатамошно истражување во однос на локалитетот Црквиште, изјави министерката Канческа-Милевска .
Таа најави дека по добиените информации од надлежните од кумановскиот музеј и исклучителното значење на овој наод, интензивните истражувања ќе продолжат и во текот на наредната година и на црквата и на римската бања, за да може до крајот на следната година да се заврши целокупниот простор.
Овој локалитет, според министерката за култура, е мошне значаен и поради близината на локалитетот Кокино, којшто има огромна важност при привлекување на туристи ,како и на целиот опфат, важен за кумановскиот регион.
И за раководителот на истражувањето, Дејан Ѓорѓиевски, археолог во кумановскиот музеј, откритието на римската бања е особено значајно.
- Лани, започна истражувањето на базиликата и сметваме дека е сместена во мал град или станица,но кога оваа година го отворивме ентралниот дел од црквата утврдивме дека на југозападниот анкес лежи една постара градба тоа преставуваше изненадување за нас.Извршивме теренски истражувања и утврдивме дека градежниот материјал се јавува на огромна површина на овој локалитет на 15 хектари. Сето тоа зборува дека не било обична станица, можеби почнало да се равзива како станица, но се развил во град со цивилизациски придобивки затоа што не секое населено место во Рим имало бања. Се уште не знаеме дали станува збор за градска бања или за уште поинтересно палата на богат Римјанин во кој што била сместена бањата, но во секој случај бањата која што планираме да ја истражима следната година ќе преставува една од неколкуте бањи откриени во Македонија, појасни Ѓорѓиевски.
Тој потенцираше дека локалитетот е сместен во близина на регионалниот пат кој води кон Бугарија и оти имаат добра соработка со концесионерот на површината каде што е сместен локалитетот.
Директорката на музејот, Анита Цветановска се надева дека со поддршката на Министертвото ќе се постигнат значајни резултати во однос на истражуавањето на овој локалитет.
Министерката Канческа Милевска меѓу другото информираше дека се поставени и информативни табли, на македонски и на англиски јазик, на локалитетот Кокино, а во втората фаза-инфраструктурно уредување ќе се постават и пропратни содржини.
- Планираме од следната година и тоа да стане традиција на 21. јуни да се одржува меѓународен фестивал токму на Кокино каде што ќе бидат поканети голем број земји учесници, кои што исто така работат на вакви проекти на опсерватории, рече министерката за култура.
Таа најави дека во Куманово ќе се обнови и спомен куќата на Христијан Тодоровски Карпош, а ќе се доуреди и музејската поставка во Музејот во Куманово.
Според неа, и со истражувањата на комплексот во Старо Нагоричане ќе се придонесе за привлекување поголем број туристи во регионот.
- Верувам дека целокупниот комплекс и архитектурата на самата црква,фрескоживописот, целокупната инфраструктура која што се планира да се заврши со пропратни соджини и сите останати објекти кои што ќе се опфатат околу самиот компклекс, многу ќе значи и за Куманово и за посетителите. Ќе биде од особено значење Старо Нагоричане, рече меѓу другото министерката Канческа-Милевска.