Турски компании заинтересирани да инвестираат во Македонија.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески вечерва во хотелот Стоун Бриџ пред претставниците на компании од Република Турција кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија ги презентираше поволностите за инвестирање во нашата земја и ги запозна со актуелната состојба.
-На покана на македонско-турската стопанска комора ќе присуствувам на средба со повеќе турски компании кои веќе инвестираат во Македонија и кои сакаат да инвестираат во земјава. Ќе отвориме една дискусија за нивните проблеми, за истите да бидат надминати. Ова е добра пракса се со цел да се стекне едно пријателство и комуникација помеѓу македонската Влада и компаниите во Република Македонија, конкретно се работи за турски компании кои се присутни во Македонија или имаат намера да инвестираат, рече Јанакиески.
Инвеститорите од Турција кои досега имаат вложено капитал во нашата земја, со задоволство ги презентираат одличните можности за водење бизнис, на други заинтересирани компании.
Ејуп Учак, претставникот од Џевахир Холдинг вели дека сето ова е резултат на одличниот пријателски однос кој го негуваат Македонија и Турција.
-Ние ова го гледаме како заедничка работа во Република Македонија. Оваа вечера е од македонско-турска стопанска комора. Има членови од Турција кои инвестирале овде се членови во нашата комора и новите членови за да дојдат, се што треба заедно работиме, рече Учак.
Ваквите настани имаат за цел да ги приближат условите за инвестирање во Македонија до инвеститорите кои се пред донесување на конечната одлука својот капитал да го вложат во Македонија.