Ставрески со жители од соседните згради засади дрвца во дворот на Министерството за финансии
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во рамки на акцијата „Ден на дрвото“ денеска заедно со жители на соседните згради засади дрвца во дворот на новото Министерство за финансии.
- Акцијата Ден на дрвото ја проширивме и во соседството на Министерството за финансии. Како добри соседи ги поканивме луѓето кои живеат во околните згради и кои беа трпеливи во сите овие години додека се градеше зградата на Министерството заедно да засадиме дрвца, изјави Ставрески.
Тој изрази благодарност за трпеливоста што ја искажале додека се градеше објектот и посочи дека резултатот е една убава зграда во која е сместена значајна институција.
- Направивме значајна инвестиција која го разубави овој дел на градот и во која на луѓето од околните згради им овозможува да живеат во една подобра околина, рече министерот за финансии.
Посочи дека и и понатаму како добри соседи ќе ги решаваат сите прашања, ќе помагаат во она што можат и одредени работи што се од нивна надлежност.
Соседите изразија задоволство од изградбата на зградата, посочувајќи дека со нејзиното завршување и сместување на Министерството за финансии се надминати проблемите со кои се соочуваа граѓаните од околината пред да се адапира објектот.
Соседите по садењето на дрвцата во дворот на Министерството за финансии беа гости на министерот за финансии.