Груевски: Нова инвестиција во Прилеп, можност за 1.000 вработувања
Американската компанија „Гентерм“ ќе инвестира во капацитет за индустриски производи во Прилеп каде најавува можност за вработување на 1.000 лица.
Инвестицијата ја најави денеска премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил.
- Убава вест за прилепчани. Нова американска инвестиција и можност за вработување на 1.000 лица. Нашата работа и упорност дадоа резултати, напиша премиерот Груевски на својот профил на социјалната мрежа Фејбук.
Од компанијата Гентерм најавуваат дека во првата фаза од инвестицијата ќе биде изграден производен капацитет на површина од над 6.000 метри квадратни, а планираат да почнат со работа на крајот на следната година.
- Во новите простории ќе се произведуваат индустриски производи, а се очекува да се отворат работни места за 1.000 лица, се вели во соопштението од компанијата.