Јавна презентација на потребата за усогласување на македонското со европското законодавство во областа на медиумите
Да се подобри климата за работа на медиумите во Македонија и во идниот извештај на Европската комисија да има помалку или воопшто да нема забелешки во делот на аудиовизуелната политика и медиумите.
Тоа, според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, е крајната цел на активностите што ги иницира Министерството за транспорт со денешната јавна презентација на потребата од усогласување на македонското законодавство со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на ЕУ и со препораките и стандардите на Советот на Европа и на Европската комисија нотирани во Извештајот за напредокот на Македонија.
Јанакиески демантира дека Министерството за транспорт веќе има готов текст на закон за медиуми. Денеска, посочи, само се презентира потребата од усогласување на регулативата, за која ќе следи динамика која ќе се утврдува во тек на јавните расправи. Во целиот процес Македонија има поддршка од ЕУ и инструментот TAIEX, a експертот од таа програма Сандра Хрватин во следните денови ќе има средби со чинителите од медиумската фела со цел да даде препораки во која насока треба да се движи понатамошното законско усогласување.
Според министерот за транспорт, во периодот што следи и по анализа на препораките добиени од експертот, ќе се испита потребата од измени на постојната регулатива или носење ново законско решение. За време на целиот процес, јавноста и експертите ќе бидат активно вклучени и консултирани, а со цел да се добие законско решение што ќе биде прифатливо за сите страни, а кое истовремено ќе може доследно и ефикасно да се имплементира.
Министерството за транспорт, истакна Јанакиески на презентацијата, предлага законското усогласување да ги регулира медиумските услуги во телевизиско и радио емитување, обезбедување аудио и аудиовизулена медиумака услуга по барање, издавање печат, издавање електронски интернет публикации. Со усогласувањето дополнително треба да се опфати и регулација за дистрибуција на програмски пакети преку комуникациски мрежи и дистрибуција на печат. Постојниот Закон за радиодифузна дејност содржи регулација за дистрибуција на програмски пакети преку комуникациски мрежи, но, според Јанакиески, треба да се преработи и допрецизира со цел да се обезбедат предуслови за надминување на добиените забалешки во извештаите на ЕК.
Усогласувањето на законодавството, според Јанакиески, треба да ги исполните целите: слобода на медиумите, слобода на изразување, право на информираност до разновидни и независни информации и програмски содржини, како основни начела на демократско општетсво, како и заштита на развој на медиумскиот плурализам, на постојните и на нови медиуми, на независна продукција, пдигнување на професионалните стандарди во информирањето, транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиодифузен сервис и регулаторно тело во областа на медиуимите, техничко-техниолошките развој на медиумите....
Министерстрвото предлага насоки за усоагслување за сите видови обезбедувачи медиумски услуги преку програмски концепт на медиумите во кој ќе биде утврден форматот и основните суштински насоки за работата на медиумот, како и преку статут на медиуми, во кој покрај другото, ќе треба да се уредат правата и обврските на главниот одговорен уреднуик, на другите одговорни урендици, новинари односите меѓу издавачот на мемдиум, главниот и одговорен уредник, другите уредници, новинарите, обезбедување слобода во работата, одговорност во медиумот, составот на уредништвото.
Се предлагаат и посебна глава за заштита на правата на новинарите, за да можат да изнесат став, без да имаат последици врз работата, да можат да одбијат исготвување, пишпување или учество во составување прилог чија содржина е против правилата на новинарската професија и етика, исто така без последици врз работата,... Потребно прецизно да се дефинираат слулчаите за кои издавач на медиум не одговара за предизвикана штета со одредена информација која ја објавил. Ова не еништо ново и го има во Хрватска, Словенија и во други членки на ЕУ, наведе Јанакиески.
Важно е, смета тој, законското усогласување да биде и во насока на обезбедување поголема транспарентност, заштита на плурализмот и утврдување на недозволена медиумска концентрација. Треба, додаде, прецизно да се утврди и кај кого е одговорноста за објавување исправка и одговор, како и да се пропише постапката.
- Предлагаме и на некој начин „лесно регулирање“ на издавачите на печат или електронски публикации. Тоа би значело само нотификација, доколку некој сака да стартува со печатен медиум тој само го пријавува во регулаторното тело за да се направи база на податоци, рече Јанакиески. Лесна регулација се предлага да се воведе и за обезбедување диструбуција на печат. За тоа нема да треба посебна дозвола, по пред почеток со дејноста треба да се пријави во регулатотрното тело како дистрибутер на печат.
Усогласувањето треба да го опфати и јавниот радиодифузен сервис - МРТ, нејзиното финансирање, одговорноста и отчетноста, како и на Советот за радиодифузија, но со усогалсувањето не треба да се доведе во прашање постојните членови на Советот до истекот на нивниот мандат.
Министерството за транспорт предлага и казнени одредби, односно да не бидат фиксни парични казни, туку глоби во износ од три проценти од годишниот приход на правното лице.