Почнува проект за јакнење на капацитетите за креирање успешни политики за вработување
Развивање капацитети за долгорочна прогноза на пазарот на трудот и градење капацитети во Министерството за труд и социјална политика за мониторинг и евалуација на политиките за вработување со 1,8 милиони евра има за цел проектот финансиран од Европската унија „Поддршка на националната политика за вработување“.
Проектот, кој денеска го промовираа министерот за труд и социјална полтика Спиро Ристовски и претставникот на ЕК во Македонија Роберт Лидл, ќе трае околу 2 години, а во негови рамки експерти од Словачка и Австрија ќе му помагаат на Министерството за труд и социјална политика да ги изгради сопствените капацитети во однос на долгорочната прогноза на пазарот на трудот и евалуацијата на политиката на вработување.
- Проектот има две компоненти. Првата се однесува на моделот за прогнозирање на пазарот на трудот што ќе се заснова на податоци од Државниот завод за стстистика, Народната банка, Министерството за финансиси, Агенцијата за вработување...Мерките од вотората компонента трева да овозможат подобрување на капацитетите и вештините на телата, институциите и социјалните парнери за мониторинг и евалуација на политиките и програмите за вработување, рече министерот Ристовски.
Тој е уверен дека реализацијата на проектот ќе овозможи остварување на предвидените цели.
- Сметам, вели министерот Ристовски, дека имаме добра основа и капацитети да изградиме одржлив модел со конкретни алатки и приоди за долгорочно предвидување, следење и евалуација на политиките на вработување, рече министерот за труд и социјална политика.
За значењето на политиката за вработување говореше и претствникот на ЕК Лидл, кој посочи дека таа е од исклучителна важност за развојот на секоја земја, особено во периоди како овој во услови на економска криза.
При креирањето на политиката, додаде треба да се земе предвид зголемувањето на учеството на пазарот на труд, треба да да се развие кафалификувана работна сила, да се обезбеди намалување на исклученоста на маргинализираните групи... Земјите членки и кандидати за ЕУ, рече Лидл, треба да ги земат предвид овие насоки кога се изготвуваат политиките за вработување.
- Треба да се осмисли и воспостави систематско и долгорочно предвидување на движењата на пазарот на трудот, што е доста тешко за било која земја, осбено кога се нема традиција за тоа, потоа треба да се развие и систем за мониторнг и евалуација на политиката на вработување на линија на Стратегијата на ЕУ за вработвање. Тоа ќе обезбеди дополнителни информации на сите чинители на пазарот на трудот и ќе го подобри кавлитетот на воспоставување на политиката на вработување за сите граѓани, рече Лидл.
Додаде дека ова бара не само политичка посветеност, туку и персонал кој ќе го спроведува тоа и ќе биде обучен.