Честитка од премиерот Груевкси за верниците од католичка вероисповед
До: Д-р. Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија
Почитуван господине Стојанов,
Со посебно задоволство и радост, Вам, на Вашето ценето свештенство и монаштво, како и на сите верници од католичка вероисповед, во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Ви ги упатувам моите најискрени честитки по повод еден од најголемите христијански празници, Христовото раѓање - Божиќ.
Во моменти кога во кругот на семејството ги празнувате Божјата љубов и благост, мирот и радоста, искрено Ви посакувам многу здравје и среќа, неизмерна љубов, бериќет и духовен мир во вашите семејства.
Божиќ е празник на љубовта, на радоста, празник на правдата, слободата и вистината. Празнување на толеранцијата, трпението и потребата еден со друг да се почитуваме и разбираме. Светата божиќна ноќ и божиќниот ден нека бидат мигови на молитва за своите ближни, за духовен мир и духовна сила. Молитва за мир и благосостојба, за развој и напредок, за нашите и идните генерации на Република Македонија.
Со божја помош и силна верба, со заедништво, слога и почитување, искрено се надевам дека како и досега така и во иднина, ќе продолжиме да работиме на исполнување на нашите заеднички цели за подобра иднина на сите граѓани на Република Македонија.
Бидете благословени!
Нека Ви е честит големиот христијански празник – Божиќ!
ХРИСТОС СЕ РОДИ !
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ