65-та Седница на Владатa
Седницата се одржа на:
24.04.2018 - 10:00
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (595.29 KB)
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов |
Пред точка | Состојби и напредок во процесот на европска интеграција |
Пред точка | Користење и имплементација на фондовите од ЕУ |
Пред точка | Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО |
Пред точка | Статус на реализација на Рамковниот договор |
1 | Барање нафтени деривати без надомест од Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати - Скопје на Република Македонија, со Предлог-одлука |
2 | Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за покривање на загуба на ЈП “Стрежево” - Битола за 2016 година |
3 | Програма за изменување на Годишната инвестициона програма на ЈП ХС “Злетовица“ Пробиштип за 2018 година, со Предлог - одлука и Ребаланс на Финансов план за 2018 година |
4 | Информација за текот и активностите за проектите ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште |
5 | Извештај за состојбата на материјално техничките ресурси на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со предлог-мерки за решавање на потребите |
6 | Годишен извештај за работата на Геолошкиот завод на Република Македонија за 2017 година |
7 | Годишен извештај за реализација на Програмата за основни геолошки истражувања за 2017 година |
8 | Информација за кадровската екипираност на инспекциските служби во Република Македонија, со план за нивно доекипирање |
9 | Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилник за систематизација на работните места во Инспекциски совет |
10 | Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Државниот инспекторат за земјоделство |
11 | Предлог-одлука во врска со недвижниот имот-објект сопственост на АД Македонска пошта-Скопје заведен во Имотен лист 105772 за КО-Кисела Вода 2 со вкупна површина од 137 м2 што праставува 5% од вкупната површина на деловниот објект, со Предлог-одлука за продажба на деловен простор |
12 | Информација за доделување опрема на општина Дебар, со Предлог-одлука |
13 | Информација за добивање согласност од Владата на Република Македонија за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспорт на отпад, со Предлог-одлука (Предлагач: ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија-Скопје) |
14 | Информација за престанок и давање на трајно користење на недвижна ствар на општина Струмица, со Предлог-одлука |
15 | Предлог-уредба за измени и дополнување на Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој за потребите за реализација на мерката |
16 | Информација за промоцијата на Република Македонија како земја-партнер на 56-тото издание на саемот АГРА 2018, Словенија |
17 | Информација во врска со започнување постапка за доделување на концесија на рибите за организирање рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони, со предлог-одлуки |
18 | Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план за село Зелениково за изградба на објекти со намена А-домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Г-производство, дистрибуција и сервиси, Д-зеленило и рекреација, Е-инфраструктура КО Страхојадица и КО Градовци, општина Зелениково, со Предлог-одлука |
19 | Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, Г3-сервиси, Г4-стоваришта КО Ракитец, општина Конче, со Предлог-одлука |
20 | Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г4-лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта КО Дебреше, општина Гостивар, со Предлог-одлука |
21 | Извештај за извршени преговори со усогласен текст на договорот за соработка во областа на туризмот меѓу владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина |
22 | Информација во врска со можноста за утврдување на Македонскиот рубин – јувелирски камен како заштитена минерална суровина со географско потекло од Република Македонија |
23 | Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина-варовник на локалитетот “Четирце“ општина Куманово, со предлог-одлуки |
24 | Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - варовник на локалитетот “Костени Врвој“ општина Охрид |
25 | Информација за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина - руди на бакар и злато на локалитетот “с.Иловица“, општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина - бакар и злато на локалитетот “Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, со Предлог–одлука |
26 | Информација за Годишен извештај за спроведување на Просторниот план на Република Македонија во 2016 година |
27 | Барање за финансиска поддршка за одбележување на десет годишнината од основањето на Асоцијацијата на омбудсмани на Медитеранот, настан на кој годинава домаќин е институцијата Народен правобранител на Република Македонија |
28 | Информација за обесштетување на поплавените правни лица во Скопскиот регион |
29 | Информација во врска со потребата од заземање нови ставови на Владата на Република Македонија во постапката на водење преговори за склучување Договор за статус меѓу Владата на Република Македонија и Европската Унија, за акции спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија |
30 | Информација за зголемување на придонесот на Република Македонија во мисијата на НАТО “Одлучна поддршка“ во Авганистан во периодот од август до ноември 2018 година |
31 | Информација за одржан 7ми Работен состанок за социјална интеграција на Ромите во Република Македонија на 23-24 ноември 2017 во Скопје, со предлог Акциски план за следење на реализација на заклучоците |
32 | Информација за степенот на реализација на Акцискиот план за 2016-2018 година за реализација на Стратегијата за иновации на Република Македонија за 2012-2020 година (за период јули - декември 2017 година) |
33 | Информација за исполнетост на условите на Друштво за производство, транспорт и услуги АЦПВ ДОО увоз-извоз с. Беловиште, Гостивар за вршење на дејност одгледување на канабис за медицински цели,со Предлог-одлука |
34 | Информација за учество на делегација на Република Македонија на 107-та сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева, во јуни 2018 година |
35 | Информација за прогрес на реализација на акцискиот план за пристапни рампи за лицата со инвалидност |
36 | Информација за донесување на Национален акциски план 2018-2020 за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020, со Национален акциски план |
37 | Информација за статусот на реализација на Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година |
38 | Предлог-лиценца за приредување на игри на среќа во автомат клуб на Друштвото за производство, трговија и услуги „КЛУБ СЛОТ 77“ увоз-извоз ДОО Битола во деловната просторија која се наоѓа на ул.„Марксова“ бр.1 во Прилеп |
39 | Предлог-одлука за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на општина Куманово |
40 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општина Виница |
41 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општина Делчево |
42 | Предлог-oдлука за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина - варовник на Друштвото за производство, градежништво, трговија, транспорт и услуги БА ЦОНСТРУЦТИОН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје на локалитетот “Краста“, општина Сарај |
43 | Предлог-решение за изменување на Решението за именување членови, заменици членови и секретар на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам |
44 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавната здравствена установа Универзитетски институт за позитронско - емисиона томографија на Република Македонија |
45 | Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа – Здравствен дом - Велес |
46 | Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање,преработка,рециклирање и уништување на отпад |
47 | Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад |
48 | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка |
49 | Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви за нафта и нафтени деривати |
50 | Предлог-закон за изменување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија |
51 | Предлог-закон за изменување на Законот за заштита на природата |
52 | Предлог-закон за изменување на Законот за животната средина |
53 | Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за индустриската сопственост |
54 | Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за акредитација |
55 | Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки |
56 | Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција |
57 | Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства |
58 | Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност |
59 | Предлог-закон за изменување на Законот за комплементарна и алтернативна медицина |
60 | Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор |
61 | Барање за давање на автентично толкување на член 80 ставови (1) и (4), а во врска со член 83 став (2) од Законот за основното образование, поднесено од пратеникот Лилјана Кузмановска |
62 | Барање за давање на автентично толкување на член 85 став 1 и член 87 став 1 и 2 од Законот за Административни службеници, поднесено од пратеникот Енес Ибрахим |
63 | Иницијатива поднесена од адвокат Пандовски Благоја од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.17/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на членовите од 4 до 54 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 43/2016, 190/2016 и 193/2017) |
64 | Иницијатива поднесена од Дарко Јаневски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.15/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 21-а став 1 во делот „членот 293-а став 3“ од Законот за управната инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2007, 81/2007, 36/2011, 18/2013, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 61/2015, 152/2015 и 53/2016) |
65 | Иницијатива поднесена од Стамен Филипов од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.163/2017 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 188 став 3 и член 189 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 29/2014, 33/2015 и 193/2015). |
66 | Иницијатива поднесена од Здружението за заштита за граѓанските права „НО ПАСАРАН“ Скопје, Здружението на граѓани на текстилната, кожарската и чевларската индустрија „ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“ од Штип и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.25/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 46 став 1 во делот: „надоместок за администрирање“, член 46 став 2 во делот: „цената на администритирањето“ и член 46 став 4 точка 1 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016 и 142/2016). |
67 | Иницијатива поднесена од адвокат м-р Светислав Стојаноски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.10/2018 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 234 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016) |
68 | Понуда од нотар Фатмир Ајрули, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.101529 за КО Бутел на КП бр.3934 |
69 | Понуда од нотар Елена Ристовска, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.1376 за КО Д Балван на КП бр.465 викано место/улица Жабодер |
70 | Понуда од нотар Тана Топалоска, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.103734 за КО Охрид 3 на КП бр.14340 и КП 14383 викано место/улица „Гоце Делчев“ |
71 | Понуда од нотар Ристо Папазов, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.84049 за Ѓорче Петров 5-Лепенец на КП бр.2783 викано место/улица Б.Расел |
72 | Понуда од нотар Андријана Ѓорѓеска за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.663 за КО Маџари на КП бр.2080 |
73 | Понуда од нотар Стевица Јанева, за продажба на 128/1692 идеален дел од КП бр.6647, запишан во ИЛ бр.50100 за КО Струмица |
74 | Понуда од нотар Ирфан Јонузовски, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.3822 за КО Чаир на КП бр.529 |
75 | Понуда од нотар Ирфан Јонузовски, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр бр.43154 за КО Центар 1 на КП бр.3101/0 |
76 | Понуда од нотар Роберт Стојковски, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.3882 за КО Ѓорче Петров 4- Влае на КП бр.8062 викано место Мраморец |
77 | Известување од извршител Снежана Андреевска за налог за извршување врз недвижност запишана во ИЛ бр.178 за КО Нерези, под И бр. 790/17 |
78 | Известување од извршител Благојче Кипровски, за заклучок за усна јавна продажба со И.бр.497/2008 |
79 | Известување од извршител Зоран Петрески од Скопје за Налог за извршување врз недвижност под И. бр.141/18 за КО Бутел |
80 | Кадровски прашања /65/ |
81 | Прашања и предлози /65/ |
82 | Тримесечен извештај за работењето на МЖ Транспорт АД – Скопје, за период 01.07. – 30.09.2017 година, со дополнувања кон материјалот |
83 | Информација за реализација на системот за издавање на возни билети во локалниот Патнички сообраќај кој е дел од Лот1 – Ревитализација на Железничката станица Скопје |
84 | Полугодишен извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделие (кредити од компензациони фондови) |
85 | Информација за Проектот - Создавање дигитални податоци за теренот неопходни за ублажување на ризикот од поплави, следење на поплави и за дејствување во ситуации на поплави, како и за намалување на трошоците за инфраструктурни проекти и подобрување на заштитата на животната средина и мониторингот и просторно планирање – финансиран од страна на Владата на Норвешка |
86 | Информација за извршен увид за исполнетост на минимално технички услови за вршење на трговска дејност –трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт на субјектите на територија на Република Македонија за кои се издадени лиценци за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт од страна на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија |
87 | Извештај за тековниот статус на болниците во процесот на акредитација, за периодот јули - септември 2017 година |
88 | Извештај за реализација на Програмата за развој на туризмот на Република Македонија за 2017 година |
89 | Информација за текот на активностите во насока на реализација на Стратегијата за ЈИЕ 2020 во 2016 и 2017 година |
90 | Информација за Акциски план за реализација на активностите за обнова на возниот парк на Македонски железници Транспорт АД-Скопје (набавка на 150 товарни вагони, 4 дизел-моторни гарнитури и 2 електро-моторни гарнитури и рехабилитација на електро-локомотиви), за период 01.07-31.12.2017година |
91 | Информација за набавка на четири нови електрични локомотиви, за период 01.07-31.12.2017 година |
92 | Информација за Ажурирање на Акциски план за Проект: Воведување на информациски систем за управување со енергијата ЕМИС , за период 01.07-31.12.2017 година |
93 | Информација за Ажурирање на Акцискиот план за Проект: Енергетска ефикасност-рехабилитација на работилниците за одржување на железнички возила , за период 01.07-31.12.2017 година |
94 | Информација за прогрес за реализација на проектот „Решавање на проблемот со недовршените постапки на арондација од минатото“ |
95 | Информација за квалитет на воздухот во Република Македонија за месец март 2018 година |
96 | Годишен извештај за работата на национално координативно тело против семејно насилство 2017 година |
97 | Информацијата за реализираниот проект за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за зима 2018 година |
98 | Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа |
99 | Информација во врска со поканата за одржување на редовна седница на Собранието на акционери на „ЈУБМЕС Банка“ А.Д. Белград закажана за 25.04.2018 година |
100 | Барање мислење по Информација за потребата за превземање активности за натамошна децентрализација на националните установи во областа на културата |