Службен Глас #5
Симни ја апликацијата StopCorona и заштити се себеси и тие околу тебе! |
||||||||
Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за здравство ја промовираа апликацијата StopCorona, чија главна цел е да им помогне на здравствените власти брзо и едноставно да детектираат доколку корисниците на апликацијата биле во контакт со лице заразено со коронавирусот. Апликацијата го користи вашиот телефон и благодарение на Bluetooth технологијата определува дали и колку сте биле изложени со друг корисник на апликацијата кој е заразен. Целта е мобилната апликација да им даде брз одговор на здравствените органи со кои лица бил заразениот во близина во изминатите 14 дена и вееднаш да ве контактираат доколку сте оствариле контакт. Телефоните помеѓу себе разменуваат анонимни кодови и идентитетот на корисниците е апсолутно е заштитен. Колку повеќе граѓани ја користат апликацијата толку повеќе им помагаме на епидемиолозите да ги дијагностицираат потенцијалните заболени и да спречат ширење на вирусот кон сите кои ни се блиски. Во случај корисник на апликацијата да бил заболен Министерството за здравство, ќе побара корисникот на апликацијата да ја сподели со Министерството листата на неговите контакти, по што ќе ги информира истите дека биле во контакт со лице кое е носител на COVID-19, а со тоа ќе се идентификуваат брзо и едноставно можните кластери и да се спречи понатамошно ширење на пандемијата и да се заштитат граѓаните. Превземи ја апликацијата и помогни да го стопираме ширењето на коронавирусот!
Корисниците се регистрираат само со внесување на својот мобилен телефон по што по пат на СМС ќе добиете код. Доколку ви се потребни повеќе информации секогаш може да ги најдете на посебната интернет страница stop.koronavirus.gov.mk Ви благодариме што ги почитувате мерките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на коронавирусот. Ви благодариме што спасувате животи, ги штитите сите сограѓани, вашите семејства и пријатели. Ова е ретка шанса, за секој од нас да биде херој. Секој може да направи разлика. Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи! |
||||||||
|
||||||||
Овој билтен е дел од стратегијата за внатрешни комуникации на Владата на Република Северна Македонија. Истиот е изработен во соработка со Британската амбасада во Македонија и тимот за комуникации на британската влада. |