50-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
02.03.2021 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (633.05 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од 41-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 26 јануари 2021 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 44-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 9 февруари 2021 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 45-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 16 февруари 2021 година
Пред точка Концепција за основно образование (Министерство за образование и наука)
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
1 Записник од Дваесет и шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 1 март 2021 година
2 Информација за покренување на постапка за зголемување на основната главнина на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост со влогови преку издавање на нови акции од деветта емисија по пат на приватна понуда, со Предлог-одлука
3 Информација за изработка на Акициски план за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи на Република Северна Македонија (Национален координатор за имплементација на Национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија)
4 Информација за отпис на камата по основ на данок на додадена вредност и данок на добивка
5 Статутарна Одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП Стрежево Битола, со Предлог - одлука
6 Предлог на листа за дополнување на Листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти
7 Информација во врска со давање согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопстввеност на Република Северна Македонија по пат на непосредна спогодба на ЕВН Електростопанство на Македонија, акционерско друштво за дистрибуција на електрична енергија Скопје, со Предлог-одлука
8 Информација во врска со потребата од донесување на Одлука за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РСМ за оформување на бр.1.1, каде лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела бр.1.1 предвиден асо Извод од ДУПД на КП бр.228/3,КП бр.228/4 и дел 228/1, КО Баница со намена - Е„ - комунална супраструктура и тоа за КП бр.228/6, КО Баница, култура ГЗ-ГНЗ со површина од 3495 м2, сопственост на РСМ, со Предлог-одлука
9 Предлог на закон за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк
10 Предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредбата за за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој
11 Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година
12 Информација за дaвање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Друштвото за трговија, производство, угостителство и услуги АРЕКСПОРТ ДООЕЛ увоз-извоз Струмица, со Предлог-одлука
13 Информацијата за ништовност на Анекс на Договорот за доделување на финансиска поддршка бр.10-7550/1 од 31.07.2018 година изменет со анекс бр.10-7550/4 од 01.11.2018, со бр. 09-9590/1 склучен на 15.10.2020 година, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштвото за производство, трговија и услуги БАС ТУТИ ФРУТИ ДООЕЛ Скопје
14 Информација за ништовност на Анексот на Договорот за доделување на финансиска поддршка бр. 10-7544/1 од 31.07.2018 година, со бр.09-9598/1 склучен на 15.10.2020 година, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштвото за производство, услуги и трговија МЕТАЛПРОМЕТ Цветан ДОО Радовиш
15 Предлог - одлука за давање во закуп на движна ствар (контејнер)
16 Барање на Билал Кара, за прием на државјанство во Република Северна Македонија по член 11 од Закон за државјанство
17 Барање на Билал Суџубаши, за прием на државјанство во Република Северна Македонија по член 11 од Закон за државјанство
18 Предлог-програма за рамномерен регионален развој за 2021 и 2022 година
19 Иницијатива поднесена од Гордана Аџи - Спиркоска од Прилеп, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.1/2021 за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2010)
20 Извештај за материјално финансиско работење на ЈП "Студенчица" Кичево, за четврт квартал на 2020 година
21 Програма за работа за 2021 година на Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
22 Информација во врска со полугодишниот финансиски и оперативен Извештај за периодот јули-декември 2020 година за „Меѓународниот аеродром Скопје“ и „Св. Апостол Павле“ – Охрид на ТАВ Македонија
23 Одлука за утврдување на висината на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените на ЈП АГРО-БЕРЗА Скопје за 2021 година, со Предлог-одлука
24 Предлог - oдлука за давање под закуп на недвижна ствар
25 Предлог-уредба за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската Kомисија (3-та измена) (Царинска управа)
26 Информација за вишок на простор во објектот на Управата за хидрометеоролошки работи, со Предлог одлука за престанок на користење и давање во закуп на недвижна ствар-деловен простор-ресторан
27 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена Б5-хотелски комплекс КО Согле, општина Чашка, со Предлог-одлука
28 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на објекти со основна класа на намена Е2-комунална супраструктура(фотоволтаична централа) КО Бучиште, КО Петршино, општина Пробиштип, со Предлог-одлука
29 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена А0 – домување со станбени куќи со посебен режим КО Штип-вонград, oпштина Штип, со Предлог-одлука
30 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија КО Демир Капија, општина Демир Капија, со Предлог-одлука
31 Информација за добивање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Јанче Стојковиќ од Свети Николе, со Предлог-одлука
32 Информација за добивање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Индивидуален земјоделец Салије Јусин с.Радање Карбинци, со Предлог-одлука
33 Информација за добивање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Индивидуален земјоделец Стефан Зарков од Штип, со Предлог-одлука
34 Информација за давање согласност за склучување договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со ДЗУТ Пивко Стево ДООЕЛ с.Могила, со Предлог-одлука 2 (39-1633)
35 Информација за давање согласност за склучување договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со ДЗУТ Пивко Стево ДООЕЛ с.Могила, со Предлог-одлука 1 (39-1632)
36 Информација за добивање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Индивидуален земјоделец Владе Зарков ул. Широк Дол бр.19-9 Штип ,со Предлог-одлука
37 Информација за формирање на Комисија за спроведување на Јавен повик за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина на локалитетот “Скрка“ с.Дебриште општина Росоман, со Предлог – решение
38 Информација во врска со престанок на важење на концесиите за експлоатација на минерални суровини на Акционерското друштво за производство и услуги КАРБО-НОВА АД Крива Паланка заради отворање на стечајна постапка, со Предлог-одлуки
39 Информација за продажба на недвижна ствар во село Росоман, сопственост на Република Северна Македонија - корисник Министерство за финансии, со Предлог - одлука за продажба на недвижна ствар во село Росоман
40 Информација за назначување на Раководител на оперативната структура во системот за индиректно управување со ИПА I и ИПА II, со Предлог-решение
41 Предлог-лиценца за приредување на игри на среќа во автомат клуб на Друштвото за производство, трговија и услуги „АСТРА ЕЛЕКТРОНИК КОМПАНИ“ ДОО Скопје за деловната просторија на Булевар „3-та Македонска Бригада“ бр.37, Скопје-Аеродром
42 Информација за можностите и условите за спогодбено решавање на предметите пред Европскиот суд за човекови права Јовановски против Северна Македонија А.бр.54546/16 и 12 други апликации и Спасовски против Северна Македонија А.бр.41437/16 и 14 други апликации
43 Информација за правосилноста на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Трендафиловски против Северна Македонија А.бр.59119/15
44 Предлог - одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари
45 Информација за спроведување на препораките од Конечениот извештај на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на дел од елементите на финансискиот извештај Биланс на приходи и расходи и Ревизија на усогласеност за 2019 година на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, со Акциски план
46 Информација за согледување на состојбите и предлагање мерки за надминување на истите во Јавната научна установа Институт за филм - Филмска академија во Охрид
47 Информација по доставено барање за основање приватна установа за деца -детска градинка „Блетезат“ во Тетово, со Предлог-одлука
48 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците (инвентар)
49 Предлог-одлука за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово за 2021 година
50 Предлог-одлука за доделување на средства за реализирање на студиските програми за 2021 година на Факултетот за Исламски науки - Скопје
51 Предлог - одлукa за доделување на средства за реализирање на студиските програми за 2021 година за Православниот Богословски факултет “Св. Климент Охридски” - Скопје придружна членка на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје
52 Извештај за процесот на пилотирање на новиот модел за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на деца и младинци, базиран на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ)
53 Извештај за работата на Советот за статистика на Република Македонија за периодот јануари – декември 2020 година
54 Иницијатива поднесена од Адвокат Марика Димитровска од Скопје доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.297/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 70, член 131 и член 135 во делот „освен одредбите на членот 70 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2021 година“ од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019)
55 Иницијатива за измена и дополнување на член 61 став 1, алинеја 10 од Законот за меѓународна и привремена заштита, по претставки поднесени од Македонското здружение на млади во име на барателите на азил
56 Посебен извештај за попречување на работата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија доставен до Владата на Република Северна Македонија, со цел преземање соодветни дејствија
57 Понуда од нотар Ана Брашнарска од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.736 за КО Бардовци на КП бр.1947, дел1, место викано село, катастарска култура зз, нива, класа2, со вкупна површина од 103м2
58 Понуда од нотар Ирфан Јонузовски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.4426 за КО Бутел на КП бр.1726, во место викано Шуто оризари
59 Понуда од нотар Љиљана Трповска од Тетово за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.8431 на КО Тетово-3 на КП бр.12787, викано место/улица Град
60 Понуда од нотар Јасмина Радончиќ од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.1455 за КО Центар на КП бр.8532 викано место Ј.Сандански со површина од 37м2
61 Понуда од нотар Митко Милков од Кавадарци за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.19270 за КО Кавадарци на КП бр.12613
62 Понуда од нотар Ирфан Јонузовски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2129 за КО Злокуќани на КП бр.147/14 место викано Зајчев Рид со вкупна површина од 5570 М2
63 Годишен извештај за работата на Цивлно воениот комитет за воздухопловство за 2020 година
64 Известување за искористени нафта и нафтени деривати отстапени од Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати за месец декември 2020 година
65 Тримесечен финансиски извештај октомври-декември 2020 година
66 Информација за извршени инспекциски надзори во државните институции во 2020 година, за примена на Законот за заштита од пушење
67 Извештај за извршен инспекциски надзор над спроведувањето на обврските на концесионерите утврдени во Договорот за концесија на риби согласно Законот за рибарство и аквакултура за период јули - декември 2020 година
68 Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година
69 Информација за спор пред одбор за решавање на спорови (ДАБ) воспоставен од страна на ФИДИК Федерација СТР- 0706-1/21
70 Предлог-oдлука за отворање Почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија со седиште во Златибор
71 Известување за отстапување на патнички моторни возила за кои трајно престанала потребата од нивно користење
72 Информација за преземање на мерки за борба против корупција
73 Информација за формирање на работна група за изработка на стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Република Северна Македонија со предлог решение
74 Предлог-решение за именување Почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Србија со седиште во Златибор
75 Предлог - одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година
76 Информација со Предлог – одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари од Министерство за транспорт и врски на Управен суд на Република Северна Македонија