Енвер Хусејин - заменик министер за труд и социјална политика
Енвер Хусејин е роден во 1971г. во с. Тополница, Радовиш. Тој е дипломиран професор по одделенска настава на УГД-Штип. Магистрирал правни науки на „Меѓународниот универзитет – Струга“.
Во периодот од 2012-2014г. ја врши должноста директор на педагошката служба во МОН. Од 2014 – 2017г. е назначен за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика. Од 2018 до 2020г. ја врши должноста државен секретар во Министерството за образование и наука.
Во 2018 година ја презема должноста раководител на одделението за еквиваленција и нострификација во Министерството за образование и наука.
Во текот на својот професионален агнажман бил вклучен во повеќе координативни активности на национално ниво како преставник од државна институција, преку учество на различни конференции и настани на европско ниво. Бил член и на Работниот комитет за европска интеграција. Исто така, бил претставник на високиот форум „Поврат на бегалци од Косово и нивна интеграција во Република Северна Македонија организирана од ОБСЕ/ОДИХР“, во Белград.
Во периодот 2008-2012 година бил потпретседател на Демократска Партија на Турците на Македонија,
Зборува турски, српски, и германски јазик а има познавања и од рускиот јазик.
Оженет е и татко на три деца.