Граѓански буџет 2021 за економска стабилност и забрзан раст

Граѓански буџет 2021
за економска стабилност и забрзан раст

 

 

Преземи презентација


 

1. Министество за економија

Министерот за економија, Бектеши го претстави граѓанскиот буџет за 2021 година-повеќе средства за енергетска ефикасност, поддршка на претприемништвото и индустријата, домашниот туризам и инвестиции во гасификација.
 

 

Преземи презентација


2. Министество за информатичко општество и администрација

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири го претстави граѓанскиот буџет за 2021 година осврнувајќи се на тековните и идните проекти во насока на развој на дигитализацијата и професионализација на администрацијата.

 

Преземи презентација


3. Заменик на Претседателот за економски прашања - Фатмир Битиќи

Заменик на Претседателот за економски прашања, Фатмир Битиќи го претстави граѓанскиот буџет за 2021 година кој е конципиран да даде одговор на предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните, а кои се последица на социо-економската криза од Ковид 19, но истовремено да овозможи развој и да влијае на постепена консолидација и стабилизација на економските текови.

 

 

Преземи презентација


4. Министерство за труд и социјална политика

Министерката Шахпаска го претстави Граѓанскиот буџет за 2021 година кој предвидува помош за најранливите категории граѓани, изградба на градинки, поддршка на активни мерки за вработување, редовни и навремени пензии се приоритетите на Министерството и следната година.

Преземи презентација


5. Министерство за образование и наука

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска го презентираше граѓанскиот буџет за 2021 година кој е насочен за реформи во образованието и двојно повеќе капитални инвестици.

Преземи презентација


6. Министерство за култура

Министерката за култура, Ирена Стефоска го презентираше Предлог-буџетот за 2021 година на Министерството за култура. Стефоска се осврна на приоритетите, проектите и политиките на Министерството за култура за 2021 година и истакна дека покрај сите предизвици - заштитата на културното наследство, поддршката на идеите и креативноста кај младите и ЕУ-интеграциите остануваат врвни приоритети кои се проектирани и за следната година.

Преземи презентација


7. Министерство за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го претстави Предлог-буџетот за 2021 година за Министерството за внатрешни работи. Според Спасовски, буџетот целосно ги одразува заложбите и приоритетите на МВР - континуирано системско реформирање на полицијата, преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата. 

 

Преземи презентација


8. Министерство за одбрана

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, го презентираше одбранбениот буџет за 2021 година на земјата како членка на НАТО Алијансата. Годинава покажуваме дека обврските, стандардите, критериумите кои што сме ги прифатиле како земја членка на НАТО ги почитуваме. Затоа Северна Македонија и оваа година го зголемува буџетот за 0,2%  од БДП, движејќи се кон посакуваните 2%, но годинава за првпат целосно ја исполнуваме и втората обврските на земјите членки на НАТО која што произлезе од Самитот во Велс – а тоа е повеќе од 20% од буџетот за одбраната да се издвои за опремување и за модернизација“.

 

Преземи презентација


9. Министерство за транспорт и врски

Буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и врски е развоен буџет во кој најголем дел од проектираните средства или 83 проценти се расходи наменети за капитални проекти. Со Буџетот планираме да обезбедиме високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура како и станбената изградба, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференцијата на која го презентираше Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2021 година.

 

Преземи презентација