Економски мерки на Владата за справување со кризата од КОВИД-19

Владата донесе пет пакети економски мерки за задржување на ликвидноста на компаниите и работните места.

Информација со статус на реализација на економски мерки за справување со КОВИД-19

Национален call центар за информации за економски и други мерки - 0800 00 207

Економските мерки се дизајнирани по широка консултација и суштинска дебата со членовите на Економскиот совет, формиран токму за оваа цел, како и низ разговорите што ги имавме со деловната заедница преку стопанските комори, и низ одделните разговори со нашите врвни економски познавачи од академската сфера и со угледните и успешните стопанственици од реалниот сектор.

Мерките во продолжение се наведени по редослед, од самиот почеток на донесување на првиот пакет економски мерки од месеците март и април 2020, па се до последното најново дополнување со шестиот пакет економски мерки во износ од 17,8 милиони евра за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на коронавирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година.

Компонента на постапување при непредвидени вонредни состојби - CERC

 

Главната мерка од економскиот пакет e директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен, за месеците април и мај, од сите фирми погодени од кризата.

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

Преземи презентација за мерката.

Преземи го Барањето за финансиска поддршка на работодавач од приватниот сектор заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

Погледни ја Компонентата на постапување при непредвидени вонредни состојби - CERC

Продолжи со читање на следниот линк.

Оваа финансиска поддршка се обезбедува од Буџетот на Република Северна Македонија и се исплаќа врз основа на статус на вработен или ангажиран со договор на лице во клубови и национални спортски федерации, кои имаат решение за вршење дејност спорт.

Донесена е Уредба со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортска администрација за време на вонредната состојба.

Продолжи со читање на следниот линк.

За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Прочитај ја во целост Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на самостојните уметници за време на вонредната состојба.

Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.

Донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за вработување и осигурување во случај на невработенсот за време на вонредна состојба.

Продолжи со читање на следниот линк.

Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени, нема да земаат никаков надоместок додека трае кризата. Одлуката ќе важи додека Владата не донесе одлука за престанок на истата.

Оваа мерка не се однесува за лицата што се невработени, и за кои овој им е единствен приход.

Донесена е Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор.

Минималната гарантирана помош за април и мај ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи сметано само од последниот месец, наместо досегашните три месеци.

Донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за социјалната заштита за време на вонредната состојба.

Продолжи со читање на следниот линк.

Се суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија.

Работодавците на должниците и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите до крајот на јуни. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаи кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители.

Остварувањето на оваа мерката е веќе во тек.

Народната Банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја промени Одлуката за методологијата за управување со кредитен ризик со цел донесување на посебни одредби заради ублажување на последиците од вирусот КОВИД-19.

Со цел полесно спроведување на активностите донесени со Одлуката, а кои се однесуваат на преземање на активности од страна на банките за одложувањето на отплатите, репрограмирањето и договарањето помеѓу банките и нивните клиенти во услови на криза од вирусот КОВИД-19, Министерството за финансии и НБРМ во соработка со Македонската банкарска асоцијација подготвија Уредба за начинот на промена на договорни услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците, во која се дефинира начинот на спроведување на промените, која беше усвоена од Владина седница одржана на 26.03.2020 година.

Со оваа уредба се овозможува банките на лесен и едноставен начин да ги одложат кредитите на своите клиенти без потпишување на анекси и без одење на шалтер и во физичките локации на банките.

Банките на правните лица ќе им понудат поповолни услови како пролонгирање на отплатите, репрограм, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на ратите на 3 до 6 месеци.

Секоја банка ќе ја донесе одлуката на своите надзорни одобри и ќе ги извести своите клиенти.

Оваа мерка предвидува кредитите на физичките лица да се репрограмираат со намалување на ратите во следните три месеци за 70% од ратата и со продолжување на рокот за отплата за најмалку 90 дена од доспевањето.

За кредитите кај правните лица ќе се одлучува индивидуално со предлагање на најсоодветни поволности согласно потребите на компаниите. Нови договори за кредити да се одобруваат со 3 месеци грејс период. Законската затезна камата која до сега изнесуваше 51%, сега се намалува на 31%, додека останатите трошоци кои друштвата ги наплаќаат се ограничуваат на 20% од одобрениот кредит.

Плаќањето на закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а исто така ќе се одложи плаќањето закуп и за граѓаните, додека за фирмите ќе се донесе посебна уредба за ова прашање.

Развојната банка на Северна Македонија, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 8 милиони бескаматни кредити зa микро, мали и средни претпријатија кои може да го земе компанијата во зависност од бројот на вработени.

Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 5.535.000 денари, односно 90.000 евра, а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.500 денари, односно 3.000 евра.

Кредитите ќе се одобруваат со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период од 12 месеци со намена за обртни средства. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални отплати.
Кредитите се бескаматни и без трошоци за администрирање. Кредитите ќе бидат обезбедени со меница – авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, во форма на нотарски акт и со извршна клаузула.

Во рамки на тековниот договор за заем помеѓу Развојната Банка на Република Северна Македонија и Европската инвестициона банка, се овозможува користење на поволни кредити наменети за мали и средни претпријатија.

Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување на свеж капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз. Развојна банка ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки до крајните корисници, односно до мали и средни претпријатија и компании со средна пазарна капитализација.

Во рамки на овој договор, Развојната Банка има можност за повлекување на неискористен дел од кредитната линија во износ од околу 50 милиони евра, со ниска каматна стапка, согласно доставени барања од страна на деловните банки. Со цел надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на вирусот COVID-19 кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија, државата презема мерка со која ќе ја субвенционира каматната стапка на Развојната Банка кон ЕИБ.

Со оваа мерка, Развојната Банка на Република Северна Македонија ќе понуди на деловните банки за оваа линија да одат со пониски маргини и ќе може за кредитите да нудат каматни стапки од околу 1.5%.

За време на кризата и 6 месеци по кризата се забранува отворање на стечајни постапки. Оваа мерка е веќе донесена.

Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од минатата година заклучно со мај 2020 година, кој ќе се одобрува од работодавачот.

Донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредната состојба.

Владата објави сметка за донации за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот

Прочитај повеќе на следниот линк.

Лицата кои по било кој основ се ангажирани преку авторски хонорари од страна на државните институции, кои се истовремено некаде вработени, ќе им се исплаќа 50% помал хонорар од договорот кој го имаат потпишано.

Оваа мерка нема да се применува доколку лицето е невработено и примањата од авторскиот договор му се единствени примања.

Владата донесе уредби со законска сила со цел транспортниот сектор подобро да го организира работењето и да се обезбеди непречен транспорт на стока, како и за олеснување на работата на компаниите од градежниот сектор во услови на времетраење на вонредната состојба.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Владата на Република Северна Македонија заедно со Царинската управа и сите органи донесоа конкретни мерки во областа на прекуграничната трговија и за одржување на економската активност.

Продолжете со читање на следниот линк.

Компаниите ќе добијат субвенции на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година. 

Донесена е Уредба со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба.

Преземете го Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Според Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки се определува највисока трговска маржа на овие производи за трговски друштва и трговец поединец која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот COVID- 19.

Според Одлуката оваа маржа ќе важи до 30 април 2020 година.

Оваа одлука е со цел да се надмине злоупотребата на моменталната состојба на пазарот за да се заштитат потрошувачите во услови на зголемена побарувачка на пазарот на овие производи и цената да се врати на нормално ниво.

Со цел да не се нарушат состојбите на пазарот и да се обезбедат доволни количини на брашно во земјата во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи и во услови на ограничен увоз на брашно, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица или наполица  со тарифните ознаки 1001 19 00 00, 1001 91 90 00 и 1001 99 00 00 и 1101 00.

Ограничувањето на извозот од член 1 на оваа одлука ќе се применува до 30 април 2020 година, со можност за продолжување доколку состојбата со пандемијата го бара тоа.

Донесена е Уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците со која се овозможува банките и штедилниците на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од корона кризата.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Ослободувањето од плаќање на аконтациите на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други обврзници, кои  имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД-19. 

Прочитај повеќе на следниот линк.

Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места. 

Прочитај повеќе на следниот линк.

Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.

Овие поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија се обезбедени преку Европската инвестициона банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021, преку деловните банки за поддршка на домашните компании, со исклучително ниска камата.

На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари, во вредност до 160.000 евра.

Прочитај повеќе на следниот линк.

На 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции, а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 евра за сите туристички агенции во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година, и во зависност од тоа дали се носители на А или Б лиценца.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Многу бргу, повторно во соработка со стопанските комори, ќе следува утврдување на листа од приоритетни парафискални давачки, како што се надоместоци, такси, дозволи, лиценци, плаќања за издвојување средства по разни основи и нивно тековно намалување и/или укинување на некои од нив.

поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност, во вкупна вредност од 1 милион евра. 

Прочитај повеќе на следниот линк.

Согласно регистрацијата за работа, на околу 120 дискотеки и ноќни клубови, како и на околу 7000 транспортери, ќе им се продолжи лиценцата за работа и во 2021 со 0 денари надомест, со тоа што транспортерите ќе добијат ослободување плус уште за една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле.

Прочитај повеќе на следниот линк.

За околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година, а целата вредност на оваа мерка изнесува 2,5 милиони евра.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Со неа се предвидува намалување на ДДВ-то на нивните услуги и производи од 18% на 5% за да ја зајакнеме нивната конкурентност на пазарот. Напоменуваме дека на самостојните вршители на дејности, односно на занаетчиите, им остануваат на располагање и другите мерки, како оние за поддршка за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка  на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

Оваа мерка има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и увозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на Северна Македонија. 

Заради тоа ја вклучивме и во овој сет мерки и таа предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%.

Целта на оваа мерка е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, како и поголема ликвидност на услужниот сектор за храна и пијалаци.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Со оваа мерка ќе биде дозволено одложено плаќање на ДДВ, седум дена по поднесување на ДДВ пријавата, без камата.

Корисници на оваа мерка се 9.360 регистрирани сметководители, за кои во 2020 година нема да важи условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување за продолжување на лиценцата сметководителите.

Со оваа мерка ќе се укине обврската од Законот за данокот на добивка за покривање на загубите на терет на идни добивки. Воедно, со предложените измени, ќе се продолжи рокот за пренесување на загуби на терет до пет години, наместо сегашното законско решение кое утврдува пренесување на загубата до три години.

Оваа мерка стартува оваа година и важи за 2020 и 2021 година.

Со оваа мерка се предвидува прагот да биде поставен на 5 милиони денари на годишно ниво, согласно кој може да се стане даночен обврзник во режимот на неоданочување.

Исто така, мерката предвидува да се зголеми прагот со кој компаниите би биле дел од режимот на вкупен приход, односно правните лица кои имаат вкупен приход помеѓу 5.000.001 денар и 10 милиони денари, да може да одберат дали да плаќаат  данок на добивка или да преминат во режим на данок на вкупен приход од 1%.

Со оваа мерка ќе се ослободат околу 1,15 милиони евра кои компаниите можат да ги пренаменат за инвестиции или за други развојни бизнис планови.

се обезбедува поддршка за најпогодените преработувачки индустрии, како и поттик за развој на преработувачките капацитети.

Со оваа мерка, покрај сите автономни мерки за суровини утврдени на 24 декември 2019, се вклучува  и намалувањето на увозните давачки за природен гас со конечна цел не само економски, туку и еколошки ефект.

Во овој пакет е предвидено ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација и тим билдинг.

Ќе се укине данокот на личен доход за трошоци кон вработени кои се однесуваат за обука, квалификации, добивање лиценци, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите, но истовремено ќе се пропише и законски лимит за овие трошоци, на пример една просечна плата на годишно ниво.

Оваа мерка ќе започне да се имплементира од 1  јануари наредната година.

Поддршка на откуп на грозје од реколта за 2020 година, за која се предвидени 6.700.000 евра, ќе се поддржат производители на винско грозје кои го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби, како и винарски визби за транспортните трошоци при извоз.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Со оваа мерка приредувачите на игри на среќа, казината, ќе плаќаат 1/3 од надоместоците за AR (ауто-рулет) маси и други маси.

Промена на пресметка на основата за финансирање на Единиците на локалната самоуправа, со која при издвојување на средства за единиците на локална самоуправа, наместо само за претходната година како до сега, во предвид ќе биде земена пресметката на просечна наплата на ДДВ за претходните три години.

Со ова го олеснуваме работењето на општините во време на КОВИД-19. 

Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари)

Прочитај повеќе на следниот линк.

40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение

Прочитај повеќе на следниот линк.

Приватните установи за деца – детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеата за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари)

Прочитај повеќе на следниот линк.

Грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари

Прочитај повеќе на следниот линк.

Субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110.000.000 денари, и за ЈП Државни патишта пат во висина од 180.000.000 денари;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Со овој дополнителен пакет за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19, финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје во наредните два месеци за полесно пребродување на корона ризата за 260 вработени, од кои 219 се во редовен работен однос, и 41 со договор за привремено вработување во вкупна висина од 8.926.545,00 денари;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка од околу 36 милиони денари за исплата на 2 плати на 598 вработени во АД Водостопанство;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници, уметници и културни работници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура;

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за вкупно 53 фирми кои вршат превоз во Скопје и во кои се вработени 100 лица претставени преку МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ ДОО Скопје за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца, во вкупен износ од 2.900.000 денари

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска помош за вкупно 83 фирми во кои се вработени 181 лица претставени преку ДППУ Слобода превоз Скопје, за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца во вкупен 5.249.000 денари

Прочитај повеќе на следниот линк.

Со 9,9 милиони евра ќе бидат поддржани околу 6.000 угостители кои вработуваат 17.000 луѓе.

На сите угостителите ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. 

Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Во Шестиот пакет мерки предвидени се 2,5 милиони евра со кои ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, евент индустријата, игротеките, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. 

Во овие категории спаѓаат околу 1.200 компании, на кои ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, а дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Со Шестиот пакет мерки категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. 

Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството. Околу 2 милиони евра од Шестиот пакет мерки се наменети за поддршка компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година. Мерката која ќе се реализира преку Развојната Банка, ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Шестиот пакет мерки обезбедува кредитна линија за финансиска поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од корона вирусот КОВИД-19, преку посебна кредитна линија во износ од 61,5 милиони денари или 1 милион евра со 0% каматна стапка која ќе се пласира преку Развојната банка.

Прочитај повеќе на следниот линк.

Во очекување на претстојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка а со тоа и угостителска дејност, со Шестиот пакет мерки ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Прочитај повеќе на следниот линк.