Стефан Андоновски

Функција: 
Министер за дигитална трансформација
Е-пошта: 
#
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 

#

Инстаграм профил: 

#

Фотографија: 
Биографија: 

Стефан Андоновски е правник и политичар. Тој е роден е на 17 април 1991 година во Скопје. Андоновски е познат по својата посветеност на правото, меѓународните односи и јавната администрација.

Андоновски го завршува своето високо образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, каде што се стекнува со звањето дипломиран правник. Потоа го продолжува своето образование на Универзитетот Џонс Хопкинс, Школа за напредни меѓународни науки (SAIS), каде што станува магиестер со почести по меѓународни односи и меѓународна економија. Во моментов е докторанд на правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Неговата професионална кариера започнува во 2016 година како советник за односи со странство во „Зегин“. Во 2018 година, Андоновски работи како специјалист за дигитален маркетинг во USAID/OTI Macedonia Support Initiative 2, имплементирана од Chemonics International. Потоа, од 2019 до 2020 година, работи и како проектен менаџер во маркетинг агенцијата Block&Roll.

Во 2020 година, Андоновски станува раководител на Партискиот истражувачко-аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ, позиција која ја врши до јануари 2024 година. Паралелно со тоа, од октомври 2021 до јануари 2024 година, е член и на Советот на Град Скопје. Во јануари 2024 година, пак, Андоновски е избран за дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, каде што останува до мај 2024 година.

Во декември 2023 година, Андоновски е избран за демонстратор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Андоновски е автор на бројни научни трудови и публикации, вклучувајќи трудови објавени во Law Review Iustinuanus Primus и „Political Thought“ на Конрад-Аденауер-Штифтунг.

Стефан Андоновски течно говори англиски, италијански и германски јазик.