Груевски: Високо професионална, патриотска и херојска акција на полицијата
Македонската полиција изведе високо професионално патриоска и херојска акција со која успеа да ги неутрализира терористите кои планираа масовни убиства во Македонија со цел нејзина дестабилизација, изјави попладнево премиреот Никола Груевски.
Во досега најтешката, најсложената и најкомплицираната операција на полицијата, наведе Груевски, животот го загубија осум полицајци, кои со нивните колеги полицајци спречиле убиства можеби на 8 илјади луѓе.
- Вчера и денес Македонија има многу тешки денови Јас лично ги имам моите два најтешки дена. Терористичка група од над 40 добро вооружени лица илегално влезена во Македонија сместена во една кумановска населба беше со намера да извршува крупни терористички напади врз државни и цивилни објекти, врз полициски станици, шопинг молови, спортски натпреваи и слично. Вчера и утрово во речиси непрекинато 28 часовна борба според кажувањата на стручните лциа во МВР со подолг стаж команданти на единиците и лица кои биле активни и за време на борбените дејствија во 2001 година македонската полиција ја имаше досега најтешката, најсложената и најкомплицираната операција, рече Груевски.
Премиерот изрази сочувство до семејствата на загинатите полицајци Сашо Самојловски, Бобан Ивнановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Арангеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимвоски. Нивниот патриотизам и херојство ќе биде пример и водилка на многу наредни генерации. Нивната жртва нема да се заборави, нагалси премиерот Груевски.
Најголем дел од повредените 37 полицајци, кои ги посетил синоќа низ скопските болници и клиники се со полесни повреди, а лекарите го увериле дека тие брзо ќе се вратат кај своите семејства и блиски, како и на своите работни задачи.
Претседателот на македонската Влада нагласи дека „ова не е македонско-албански судир, туку судир на лица кои не и сакаат добро на државата и на нејзините граѓании, на лица кои ја чуваат државата, Уставот и уставниот поредок и безбедноста на сите граѓани во неа“.
- Нивното дејствување носи само штета како за Македонците, така и за Албанците во Македонија и во регионот, рече Груевски.
Упати благодарност до сите припадници на МВР, лекарските тимови и сите кои помогнале, како и до сите граѓани од сите етникуми и вери во државава кои, како што рече, покрај големиот гнев и болка ја задржаа присебноста и самоконтролата и не повлекоа чекори со кои дополнително ќе ја усложнеа и така крајно сложената состојба. Граѓаните Албанци, потенцира премиерот, не наседнале на провокациите од многуте шпекулации и невистини објавени од некои медиуми и поединци, а терористите не добиле поддршка од нив.
Груевски потенцира дека на 30-те терористи кои се предадоа ќе им се суди според македонските закони и пред македонските судови, мотивите и целта на терористичката група ќе бидат предмет на натамошна истрага.
- Околу 30 терористи приклештени од одлучноста и од одлучната и професионална акција на полицијата по повеќечасовен отпор безусловно се предадоа излегувајќи со бели знамиња од нивните позиции каде што беа утврдени. Истите се уапсени и ќе бидат изведени пред суд и ќе им се суди според македонските закони и пред македонските судови. Засега се пронајдени тела на 14 лица за кои се претпоставува дека се припадници на терористичката група и на чие идентификување се работи во моментов. Но, увидот на терен сеуште не е завршен, рече Груевски.
Од првичните сознанија, додаде, запознаен сум дека значаен дел од групата се лицата кои неодамна го извршија терористичкиот напад на полицискиот објект кај Гошинце и првичните информации укажуваат и дека дел од лицата се учесници во неколку конфликти досега, делумно во овој регион, а делумно на Блискиот Исток, што укажува дека се лица со огромно искуство за герилско и терористичко војување и се сметаат за најопасна терористичка група на Балканот.
- Нивната цел и мотив ќе бидат предмет на натамошна истрага, а во тоа веруваме дека од голема помош ќе биде и големиот број предадени и уапсени лица. Едно е сигурно дека барем една од намерите беше дестабилизација на Македонија, рече Груевски.
Сите кои размислуваат да и нанесат зло на државата и народот, порача, ќе завршат како терористичката група.
- Македонија има сила. Македонија има сила да продолжи и да чекори напред и да напредува. Ваквите лица и настани нема да ја одвратат Македонија од нејзиниот зацртан пат кон стратешките цели на државата и на сите нејзини граѓани. На сите оние кои размислуваат да и нанесат зло на државата и на народот им порачувам дека ќе завршат како оваа терористичка групација во 28-те часови, рече Груевски.
Во однос на коментарите и за неопходноста на акцијата и дали било добро одбран нејзиниот тајминг рече дека и неопходната и тајмингот биле од одредени претходно добро прибрани информации и направени анализи и секое понатамошно одлагање носело нови ризици.
Денеска и утре Владата ги прогласи за Ден на жалост за загинатите осум бранители и како што рече премиерот „ќе се воздржи од коментар за односот на некои политичари од земјата и од странство и на некои т.н. новинари“.
- Да се коментира за професионалноста на учесниците и нивните старешини без да се види како и под кои услови била изведена активноста, да се борат за политички поени на грбот на жртвите и ранетите, да се испраќаат заканувачки пораки заради дневно-политички поени е крајно кукавички чин. Но, тоа ќе го оставам за некоја друга прилика, посочи Груевски.
Одговарајќи на новинарски прашања рече дека досега МВР нема пријави или идентификување на цивилни жртви. Доколку такво нешто се случи во текот на денов или наредните денови ќе биде соопштено, рече Груевски, потенцирајќи дека акцијата на полицијата е режирана и строго изведена во правец да не се случат цивилни жртви и да се минимизира бројот на жртви и штета воопшто за државата.
Најави дека на лицата чии домови вчера им беа оштетени заради акцијата на полицијата освен првичната хуманитарна помош ќе им биде даден финансиски надомест по извршената проценка.